Конференција на Центарот за истражување на предисторијата

December 13, 2023
1 min read

„Предисторија на Балканот“ е насловот на 9-та конференција на Центарот за истражување на предисторијата што ќе се одржи онлајн со учество на археолози од земјава, Европа и пошироко.

Конференцијата, која речиси една декада, традиоционално се одржува при крајот на годината, на едно место собира еминетни стручњаци од сферата на археологијата и културното наследство, кои ќе ги презентираат и дискутираат најновите сознанија добиени во рамки на тековните истражувања.

-Оваа година на конференцијата учествуваат околу четериесетина археолози од Велика Британија, Германија, Шпанија, Франција, Австрија, Соединетите Американски Држави, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија. Тие преку петнаесетина реферати, на овој онлајн настан ќе ги презентираат своите истражувања во рамки на предисториската археологија и ќе ги елаборираат резултатите поврзани со локалитетите на Балканот, како и околината во која тие се наоѓаат. Освен претставувањето на резултатите од теренските ископувања, учесниците на овогодишната конференција исто така ќе говорат за теориските поимања на хронологијата и општествата во неолитот, природното опкружување и рововите со кои се обградувале тогашните населби, керамиката и алатките што ги изработувале, сточарството и земјоделството, наколните живеалишта во бронзеното време, како и погребувањата во железното време, наведуваат организаторите.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран и најновиот Зборник на трудови на Центарот за истражување на предисторијата, чиешто издавање е подржано од Министерството за култура. Во него се сумирани рефератите од минатогодишната конференција „Предисторијата на Балканот“, која се одржа во Охрид.

-Во таа насока, оваа конференција е редок научен настан во кого традиционално секоја година се претставува предисториското културно наследство на Балканот и се дискутираат формите и методите на негово проучување. Овој настан во голема мера придонесува кон зацврсување на комуникацијата меѓу балканските и европските археолози и отвора нови перспективи за меѓународни соработки. На тој начин, предисториското културно наследство станува попристапно до сите стручњаци во регионот и се добиваат можности за негово поодговорно истражување, како и за потемелно толкување, посочуваат од Центарот за истражување на предисторијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: За борба против корупцијата неопходно етичко лидерство во институциите

Следно

Добра во лоша вест: снемува барут

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop