КОНЕЧНО НИ СЕ ПРЕПОЗНА ТРУДОТ И КАДАРОТ, ВЕЛИ ГОЦЕ СТЕВКОВСКИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР

March 22, 2023
1 min read

„Премногу сме среќни што нашата успешна приказна од пред седум години резултираше со формирање на национален Оркестар за џез музика и што конечно и Македонија како и земјите во регионот ќе има џез оркестар“, вели Гоце Стевковски од Биг бенд оркестарот на Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ). Оркестарот изминативе години одржа голем број концерти и со домашни и странски музичари, а концертите беа полни и со денови претходно распродадени.

Владата синоќа на седница донесе одлуки за основање две национални установи, на предлог на Министерството за култура, „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ во Скопје „Галерија на Гостивар“ во Гостивар.

Основна дејност на „Оркестар за џез музика“ ќе биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела, од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на 21. век.

„Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и оддржлив ангажман што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негување на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во тој контекст, установата ќе работи на подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации кои ја негуваат истата дејност. Водејќи се од принципите за промовирање на културната различност, рамноправност на културните жанрови, дисперзија и развој на нова публика се јавува потребата од основање на нова институција од ваков тип“, стои во образложението на Министерството.

„Сѐуште сме под импресии од одлуката. Драго ни е што Министерството ја препозна нашата работа и нашиот квалитетен кадар. Во земјава порано имало џез оркестри во Македонската радиотелевизија, но тој континуитет е нарушен последниве 30-тина година“, додава Стевковски. Во Биг бенд оркестарот има 20 членови, од кои некои се веќе вработени, а една третина, вели Стевковски, се дипломирани музичари на Факултетот во Грац, и добро е што конечно ќе им се вреднува школувањето.

Според образложението од Министерството, „Оркестарот за џез музика“ просторно ќе се смести во објектот на Филхармонијата, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на Националната опера и балет (НОБ). Стевковски вели дека допрва ќе се решат правните механизми околу формирањето и назначувањето на раководни лица.

ЗаНационалната установа „Галерија на Гостивар“, од Владата велат дека е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милевски: Очекувам успешен старт во квалификациите за ЕП

Следно

Франција: Демонстрантите продолжуваат со протестите поради реформите во пензискиот систем

Latest from Blog

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат
Go toTop