Конечно ги пронајдовме секогаш поволните производи од dm кои го прават чистењето полесно!

January 28, 2026
2 mins read

Чистење или одмор? Ова прашање секојдневно си го поставуваат многу домаќинства. Балансирањето меѓу работата, семејните обврски и личното време често изгледа како невозможна мисија. Кој ќе ја пушти машината за перење, кој ќе ги среди садовите, а кој ќе забележи дека е време за бришење на прашина?

Нашиот совет е едноставен: мал план и вистински производи. Со јасна поделба на задачите и практични решенија од dm, чистењето може да стане побрзо, поефикасно и далеку помалку оптоварувачко.

Мал план, голема разлика

Не секогаш имаме време за темелно чистење, но и тоа е во ред. Со соодветна поддршка и кратката акција, може да се донесе чувство на ред и свежина. Производите од dm марката Denkmit се создадени токму за вакви моменти: функционални, ефикасни и лесни за употреба. Пуштете ја омилената музика, одберете ја задачата со најголем приоритет и почнете.

Чистота што значи повеќе од сјај

Чистиот дом не е само визуелна удобност, туку и чувство на благосостојба. Редовното одржување на хигиената придонесува за поздраво секојдневие. Важно е да се најде баланс: доволно чисто за да се чувствувате сигурно и пријатно, но и доволно нежно за кожата и материјалите.

Тука своето место го наоѓа Denkmit абразивното млеко за чистење (750 мл), по цена од 69 денари, кое е идеално за кујна и бања. Со нежна формула и природни честички, ги отстранува и најтврдокорните дамки без гребење. Лесно се испира, остава свеж цитрусен мирис, а амбалажата содржи најмалку 70 % рециклиран материјал – мал, но значаен чекор и за домот и за околината.

dm

Грижа за алиштата, грижа за комфорот

Кога корпата со нечисти алишта е полна, најважно е правилното сортирање и изборот на соодветен детергент. За фини и чувствителни ткаенини, Denkmit ultra sensitive лосионот за волна (1,5 л), по цена од 255 денари, нуди нежно, но ефикасно перење. Без јаки парфеми и бои, оваа формула е погодна за волна, свила, кашмир и други чувствителни материјали – за свежи алишта со намален ризик од иритации.

dm

Хигиена во секојдневието

Во бањата, малите детали прават голема разлика. Sanft&Sicher трослојната тоалетна хартија (8/1) комбинира мекост, издржливост и чувство на сигурност, а достапна е по цена од 199 денари. Благодарение на квалитетната структура, таа е нежна за кожата и практична за секојдневна употреба. Во асортиманот на Sanft&Sicher може да се најдат и влажни тоалетни хартија со биоразградливи влакна, погодни за чувствителна кожа, како дополнување на секојдневната хигиенска рутина.

dm

Сјај без многу напор

За брзо освежување на кујната и бањата, Denkmit средството за чистење со оцет (1 л), по цена од 59 денари, е практичен сојузник. Овој универзален чистач ефикасно ги отстранува наслагите од каменец и нечистотија, оставајќи површини чисти и сјајни – со пријатен мирис и без агресивни остатоци.

dm

Заедно е полесно

Кога обврските се делат, чистењето станува полесно и побрзо. Вклучете го целото семејство – дури и најмалите можат да помогнат со едноставни задачи. Со соодветна опрема и мала мотивација, домот брзо добива свеж изглед, а останатото време може да се посвети на поважните и поубави моменти.

Со внимателно одбрани производи од dm, грижата за домот станува поедноставна, поефикасна и пријатна, токму онака како што ви одговара. За уште практични совети и инспирација како грижата за домот да биде поедноставна, посетете ја и веб-страницата на dm.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Петрушевски: Обвинителството е должно да постапува по секој еден случај во кој има сомнеж за корупција и криминал како оној со случајот Жан Митрев

Следно

ВИДЕО: Падна авион во Индија – меѓу загинатите и заменик-министер

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop