Коњановски: Регионалната соработка носи подобра заштита од пожари

May 20, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“, спроведуван од здружението Центар за ресурси во животната средина.

На настанот беа презентирани активностите и резултатите од проектот, кој има за цел промовирање и воспоставување на земјоделски практики што ќе го намалат ризикот од пожари, количината на запалливи материјали, како и штетите предизвикани од земјоделски и шумски пожари во регионот.

 

 

Проектот, како што беше истакнато, придонесува кон побрзо и поефикасно интегрирање на практики за справување со пожари на ниво на предел, преку размена на искуства, добри практики и информирање за ризиците и опасностите.

Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека иако проектот се реализира во Општина Новаци, неговите пораки и ефекти се значајни и за останатите општини во Пелагонискиот регион, вклучително и Битола, каде исто така постојат земјоделски површини.

Тој се осврна и на изградбата на новата противпожарна зграда, истакнувајќи дека станува збор за капитален проект кој ќе придонесе за подобри услови за работа и поголема ефикасност на противпожарната единица, која ги покрива општините Битола, Новаци и Могила.

Новата противпожарна зграда е изградена со средства од Општина Битола, додека нејзиното опремување ќе биде обезбедено со поддршка од Министерството за одбрана на САД.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Храброста на битолските пожарникари заслужува огромна почит

Следно

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна
Go toTop