Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето

February 27, 2025
1 min read

Собраниската Комисија за здравство на денешната седница едногласно донесе одлука за одржување на надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. До понеделник, 3 март пратениците до претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи треба да испратат предлози за учесници на надзорната расправа.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи истакна дека неговата пратеничка група ќе го поддржи одржувањето на надзорната расправа, но исто така кажа и дека во Собранието и во понеделникот имаше надзорна расправа на истата тема важна за граѓаните.

-Требаше да се разговара и на таа иницијатива, но беше бојкотирана и од владејачкото мнозинство само затоа што иницијативата потекнуваше од опозицијата. Ние за да покажеме дека може и различно, новото нормално, ние ќе учествуваме на надзорната расправа иницирана од владејачкото мнозинство, на иста тема затоа што сметаме дека сите заедно треба да расправаме без многу политика, затоа што, на крајот на денот нит сме обоени нит сме означени од господа го дишеме истиот воздух и нашите деца го дишатѕ истиот воздух, рече Битиќи.

Тој, како што кажа, бил фрапиран како формата била побитна од содржината.

Претседателката на Комисијата за здравство Мизрахи му реплицираше на Битиќи дека она со кое што мнозинството располага е упорна воља да направи ред и дисциплина во системот согласно закон и Деловник за работа на Собранието.

-Не би сакала да навлегувам во процедурите на тоа што се случило со надзорната комисија претходно, меѓутоа нагласувам дека мнозинството има тенденција да го одржи редот што значи почитување на Уставот, законот и Деловникот на Собранието и во ниеден случај нема да сме согласни со негово прекршување, рече Мизрахи.

Имајќи ја предвид темата на надзорната расправа, таа нагласи дека се однесува на здравјето на сите граѓани.

Со тенденција да го задржам дигнитетот на здравствената комисија како целост, а не на ниедна политичка партија, мнозинство или опозиција за којашто немам интерес, ниту пак оваа Комисија има интерес, единствената цел е да биде аполитична и да се грижи за целокупното население во државата или нивната здравствена состојба, односно мерките со кои ќе се постигне подобра здравствена номенклатура, рече Мизрахи.

Одржувањето на надзорната расправа доби поддршка и од пратениците од Европскиот фронт.

Ова ќе биде втора надзорна расправа за аерозагадувањето. Во вторникот, на 25 февруари, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која не беше поддржана од владејачкото мнозинство.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во куќа во Петровец

Следно

Италијанските Евреи упатија јавен апел против етничкото чистење во Газа

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop