Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком со најголем промет на редовниот пазар

October 3, 2025
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 3 октомври 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,10%, достигнувајќи ниво од 10.257,10 поени, при вкупен промет од 1,04 милијарди денари. Најголем дел од обемот беше резултат на повеќе блок-зделки со акциите на Македонијатурист, кои генерираа над 1 милијарда денари. На редовниот пазар најактивни беа Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени, без активности на обврзничкиот пазар.

Најтргувани хартии од вредност

Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 7.749.880 денари
НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 2.640.000 денари
Алкалоид АД Скопје (ALK) – 1.596.600 денари

Топ добитници

Тетекс АД Тетово (TETX) +4,83%
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (SPB) +4,40%
Титан Усје АД Скопје (USJE) +1,40%

Топ губитници

Стопанска банка АД Скопје (STB) –0,96%
Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,23%
НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,19%

Обврзнички пазар

Иако во котација беа присутни повеќе државни и корпоративни обврзници, не беше реализирана ниту една трансакција, што го задржа индексот ОМБ на ниво од 128,27 поени. Сесијата на 3 октомври 2025 година беше обележана со екстремно висок вкупен промет, поттикнат од блок-зделките со Македонијатурист. На редовниот пазар, најголема ликвидност покажаа Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка, додека ценовно позитивно се истакнаа Тетекс, Реплек, Титан Усје и Шпаркасе Банка. На негативната страна најголеми падови бележат Стопанска банка, Алкалоид и Комерцијална банка. Обврзничкиот пазар продолжи без активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Пензионерите добиваат нов простор за активен живот во Чаир

Следно

Омерагиќ со нова улога во УЕФА за инфраструктурни и едукативни проекти

Latest from Blog

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“

Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување
Go toTop