Командантите на турските и шпанските воздухопловни сили изведоа лет со турскиот авион „Хурџет“

February 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Командантот на Турските воздухопловни сили, генерал Зија Џемал Кадиоглу, и неговиот шпански колега, генералот Франциско Брако Карбо, денес изведоа формациски лет со два лесни борбени авиона „Хурџет“, јавува Анадолу.

„Два ‘Хурџета’ на небото во исто време. Нашиот командант на воздухопловните сили, генерал Зија Џемал Кадиоглу, заедно со командантот на Шпанските воздухопловни сили, генерал Франциско Брако Карбо, извршија формациски лет“, соопшти турската аеровселенска индустрија на платформата X.

„Со секој нов лет ние не само што ги издигнуваме нашите цели туку и пишуваме историја со нашите крилја со ѕвезда и полумесечина на синото небо“, се додава.

Лесниот јуришен авион од турско производство, „Хурџет“, достигна брзина од 0,9 маха на надморска височина од 30.000 стапки.

Цел е авионот да ги замени старите млазни авиони за обука и да се користи како напреден млазен авион за обука поради зголемениот број авиони од петта генерација и нивните променливи конфигурации.

„Хурџет“ е долг 13,6 метри и има распон на крилата од 9,5 метри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што по 30-ти април? – Бауш: Ништо нема да биде, ако им се дозволи ќе ги покачат цените

Следно

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop