Колева во 24 анализа: Разрешувањето на членовите на Судски совет е предвидено со Закон и само така може да се изведе

February 6, 2025
1 min read

Претседателката на Форум на жени на СДСМ, Даниела Колева во 24 анализа рече дека разрешувањето на членовите на Судски совет е предвидено со Закон. Според неа, потребно е да се формира надпартиско тело за започнување на некакви реформи во судството.

„Зборот мучуриште што го употреби премиерот Мицкоски за Судски совет е недолично. Лицемерно е од страна на премиерот да кажува дека треба да се тргне судство од партиите а во исто време да се назначува челн на Судски совет, сопруга на актуелен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, знаеме и сведоци сме дека 11 години имавме партизирано судство и тоа ја уништи државата и тоа се исти судии кои ги бираа од ВМРО-ДПМНЕ и судеја во нивна корист“, изјави Колева и додаде дека ќе верува во независно судство кога ќе види дека членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат изведени пред органите на прогон.

Според неа иако во минатото имало можност за консензус сепак тогашната опозиција не сакала да прифати.

„Имаше прилика за консензус и во минатото, јас бев редовна во Собрание и не видов тогаш да поднесе некоја иницијатива да се формира работна група од страна на ВМРО-ДПМНЕ и да сите заедно покренем реформи. Имавме прилика подадовме рака но немаше иницијатива затоа што тие имаа агенда и план а тоа е да се плука и оцрнува се она што ние правевме за граѓаните“, рече Колева.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп најави формирање на работна група за заштита на христијаните и Канцеларијата на Белата куќа за верата

Следно

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop