Трамп најави формирање на работна група за заштита на христијаните и Канцеларијата на Белата куќа за верата

February 6, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе потпише извршна наредба со која новата државна обвинителка Пем Бонди ќе ја назначи на чело на работната група „за искоренување на антихристијанската пристрасност“, јавува Анадолу.

„Мисијата на оваа работна група ќе биде веднаш да ги запре сите форми на антихристијански напади и дискриминација во рамките на федералната влада, вклучително и Министерството за правда, коешто беше апсолутно ужасно“, рече Трамп на националниот молитвен појадок во Вашингтон.

Тој рече дека ќе формира „сосема нова“ претседателска комисија за верски слободи.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе основа Канцеларија на Белата куќа за верата која ќе ја води Пола Вајт, христијанска телеевангелистка која беше советник во претседателската кампања на Трамп во 2016 година.

„Сакам да ја вратам религијата. Мора да ја имаме, а таа многу страдаше во последните неколку години. Но, таа се враќа“, порача Трамп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пандов: Да се провери колку случаи се досудени како претходниот на Васил, сомнежот е огромен ако нема

Следно

Колева во 24 анализа: Разрешувањето на членовите на Судски совет е предвидено со Закон и само така може да се изведе

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop