Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Лига Б од Лигата на нации и во наредната сезона 2028/2029. Тоа го прогнозираат симулациите на суперкомпјутерот на платформата за фудбалска статистика Football Meets Data.
Македонија речиси сигурно ќе биде последна во групата во која е со Швајцарија, Шкотска и Словенија, но со новиот систем за натпреварување, нема директно испаѓање, туку последното место носи бараж за опстанок. Во тој бараж кон крајот на март 2027 година кој се игра гости-дома (реваншот ќе го играме пред своја публика), Македонија ќе игра со некој тим кој е втор во својата група во Лига Ц.
Во моментов, наши потенцијални ривали се Белорусија, Кипар, Естонија и Фарски острови. Ако победиме во тој двомеч против некоја од овие селекции, остануваме во Лига Б.
Извор: sportmanija.mk


