Кој правел договор за Кривичен законик?! – Зејди: Болно е, но можеби ќе бидат од корист

October 17, 2023
1 min read

реклама


Се чини дека кај лидерот на Народното движење Скендер Реџепи-Зејди исчезна песимизмот за усвојувањето на уставните измени. Тој во Клик Плус на ТВ21 рече дека измените на Кривичниот законик, имплицираат дека има договор со кој дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат овие измени.

„Со измените на кривичниот законик сметам дека некој направил некаков договор кој најверојатно ќе биде во корист на уставните измени. Болно е, не гласав за кривичниот законик, болно е, но, сепак, со ваква опозиција која за локални интереси не е заинтересирана за иднината на другите генерации на следните избори верувајте дека …“, вели Скендер Реџепи Зејд.

реклама

Кога велите опозиција, за кого зборувате?

„ВМРО и ЛЕВИЦА, да се разбереме затоа што нема пратеник Албанец кој нема да гласа за уставни измени“, вели Скендер Реџепи.

реклама

Зејди додаде дека овој договор го прават политичките лидери на ДУИ и на СДСМ и според него, доколку се покаже како успешен, ќе биде од корист за општеството.

Велите тие, но кои се тие?

реклама

„Ова што го кажа претходно, раководството на СДСМ и ДУИ, тие што се на власт и тие што го донесоа кривичниот законик, тие играат шах, но сепак ако успеат уставните измени, верувајте дека можеби е болно, но направија корисен чекор за општеството“, вели Реџепи.

Вели дека лично не ги поддржал измените на Кривичниот законик, но смета дека е добро поранешниот премиер, Никола Груевски да се врати во Северна Македонија, но зад решетки за издржување затворска казна.

„Човек кој најмногу ја криминализираше не само државата, туку и Албанците, затоа што Албанците имаа толку многу маки и болки, верувате ли дека треба да биде тука и да не биде слободен, туку да отиде таму кај што припаѓа, во затвор“, вели Реџепи.

Во врска со најавите на албанската опозиција за условување на уставните измени со укинување на дефиницијата 20 отсто што се однесува на албанскиот јазик во Уставот, Зејди рече дека тоа се само изјави за политички поени.

Како лидер на Народното движење, Зејди вели дека ја поддржува идејата албанските политички партии да излезат на избори структурирани во два блока, без заеднички листи со македонските партии.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не ги спречи ниту дождот – пензионерите сакаат минимална пензија од 20.000 денари!

Следно

Министрите тајно ќе јадат евтино – владата ги избриша цените од мениот од владиното бифе

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop