Кој е човекот врз кого беше фрлена бомба во Ќерамидница

November 14, 2024
1 min read

Утрово, на 14 ноември 2024 година, во 09:20 часот, во скопската населба Керамидница е фрлена експлозивна направа во дворно место. Повреден е Р.Т., кој е веднаш пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош. Според извори на Рацин.мк, нападот е извршен врз домот на Раде Трајковски, познат како Шеткли, кој е поврзуван со криминалните кругови во Македонија.

Името на Трајковски првпат се појави во медиумите пред седум години, кога беше вмешан во истрагите околу убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Медиумите тогаш шпекулираа дека Шеткли можеби има поврзаност со случајот, особено бидејќи осудениот за убиството, Филип Секуловски – Кобра, наводно се сретнал со него непосредно пред инцидентот. Сепак, Трајковски никогаш не беше официјално обвинет за вмешаност во тој случај. Во деновите кога медиумите го поврзуваа со убиството, тој објави фотографија од Белград на социјалната мрежа Фејсбук, што дополнително го усложни случајот.

Во 2021 година, Шеткли беше уапсен во Белград, како дел од меѓународна потерница што го поврзуваше со убиство извршено во Македонија, но и овој пат беше ослободен од одговорност. Летово, на крајот од август, повторно беше цел на напад – тогаш врз неговото возило беше пукано од страна на непознати лица. Блиндираното возило го спаси од посериозни последици, а возилото на напаѓачите подоцна беше најдено запалено кај езерото Треска. Овој инцидент, според аналитичарите, е сметан за предупредување од криминалните кругови, особено од новокомпонираната група „Барон“, со која во последно време се поврзуваат нови структури во скопското подземје.

Името на Трајковски во последниве години не беше многу споменувано во медиумите, освен при неговото апсење и екстрадиција. Сепак, новите конфликти во подземјето почнаа да се заоструваат оваа година по двојното убиство во „Шиша бар“ под скопско Кале, кога беа убиени членови на групата „Дуќанџик“. Токму ова убиство, според аналитичарите, иницираше ново прегрупирање во скопското подземје, при што ривалските групи „Барон“ и „Беланоца“ сè повеќе се вклучуваат во меѓусебни пресметки. Во Приштина, само еден месец подоцна, беше убиен и македонскиот државјанин Бљерим Даци, осомничен за убиството во „Шиша бар“, а наскоро потоа во Ханиоти, Грција, беше ликвидиран и неформалниот лидер на „Дуќанџик“, Орхан Ибраими – Оки.

Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ остана без својот лидер, што остави простор за нови структури како „Барон“ да го преземат приматот во скопското подземје. Ова прегрупирање доведе до нови и засилени конфликти меѓу криминалните структури во Македонија, каде што Шеткли, иако не е директно поврзан со последните мафијашки убиства, сепак останува под вниманието на јавноста и на медиумите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Царовска, јави се: Светско истражување покажа дека „паметните“ уреди ги оглупавеле децата

Следно

Тошковски: Покрај начеканата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат

Latest from Blog

Зоран Николовски со порака до СДСМ и „Поинаку“: Доволно е!

Мојата визија за Битола коинцидира со мојот сон за Битола. Сонот што секојдневно го сонувам за поубава Битола, вели во обраќањето до јавноста Зоран Николовски независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан

Експлозија во Букурешт – се урна станбена зграда, има загинати

Експлозија во осумкатна станбена зграда во главниот град на Романија, Букурешт, предизвика уривање, при што загинаа две лица, а 12 беа повредени, објавија локалните медиуми во петокот. Според порталот Hotnews.ro, од силата

Ѓорѓиевски најавува ред и развој во Скопје: „Време е за работа, не за политички препукувања“

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во својата завршна порака до граѓаните истакна дека неговата кампања не била политичка трка, туку искрен дијалог со скопјани. Тој нагласи дека изминативе недели посетил

Ново место за игра и дружба во Битола

Во битолската населба Дулие е уредено ново детско паркче, како дел од акцијата за подобрување на јавните простори во градот. Проектот е реализиран со поддршка на Општина Битола и јавните претпријатија, кои

Фондовско срце: 25 години хуманост, солидарност и грижа за здравјето

По повод 25-годишниот јубилеј од самостојното функционирање на Фондот за здравствено осигурување, денеска, во соработка со Црвениот крст на РМ и Институтот за трансфузиона медицина, се реализира традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“,
Go toTop