Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

January 21, 2026
1 min read

По 27 години
брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури
76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс.

Хуманитарната
фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од дури 7,9 милијарди
долари од нејзиниот поранешен сопруг, технолошкиот могул Бил Гејтс. Донацијата
е реализирана пет години по нивниот развод и е дел од финансиската спогодба
договорена во 2024 година, објави „Њујорк тајмс“.

Станува збор
за уплата што Фондацијата на Бил Гејтс ѝ ја извршила на приватната фондација на
Мелинда Гејтс – „Pivotal Philanthropies Foundation“, а износот веќе сега се
вбројува меѓу најголемите јавни хуманитарни донации во историјата.

Разводот на
Бил и Мелинда Гејтс официјално е прогласен за најскап развод на сите времиња.
По 27 години брак, Мелинда, според достапните податоци, добила вкупна исплата
од дури 76 милијарди долари. Пред разделбата, двојката беше меѓу најбогатите во
светот, со проценето заедничко богатство од околу 130 милијарди долари на
својот врв.

Мелинда
Гејтс, која со Бил има три деца, во изјава од 2021 година наведе дека нивниот
брак бил неповратно нарушен, со што беше потврден крајот на една од најмоќните
деловно-филантропски врски на современото време.

Иако
разводите на славните и богатите отсекогаш биле познати по астрономските
износи, дури и во тој контекст спогодбата на Гејтсови предизвика неверување.
Технолошките основачи како Бил Гејтс и Џеф Безос предничат кога станува збор за
финансиските размери на брачните разделби.

Џеф Безос и
неговата поранешна сопруга Мекензи Скот се разведоа во 2019 година, а таа тогаш
доби 38 милијарди долари и 25 отсто од акциите на „Амазон“. Нивниот брак траеше
26 години, а Мекензи беше покрај Безос уште од деновите кога „Амазон“ беше
основан во гаража.

Меѓу
најпознатите случаи се издвојува и разводот на Алек и Џоселин Вајлденштајн,
вреден 2,5 милијарди долари. Џоселин подоцна стана позната по екстравагантниот
начин на живот, вклучувајќи опсесија со естетски зафати и егзотични животни.

Ниту Холивуд
не е имун на скапи разводи. Мел Гибсон во 2011 година на поранешната сопруга
Робин Мур ѝ исплати 425 милиони долари, додека режисерот Стивен Спилберг уште
во 1989 година плати 100 милиони долари на Ејми Ирвинг.

И спортските
ѕвезди се најдоа на листата. НБА-легендата Мајкл Џордан ѝ плати 168 милиони
долари на поранешната сопруга Хуанита, а Тајгер Вудс по разводот во 2010
година, предизвикан од скандали со неверство, ѝ исплати 100 милиони долари на
Елин Нордегрен.

Разводот на
Бил и Мелинда Гејтс така стана мерило според кое денес се споредуваат сите
други – не само поради износот, туку и поради фактот дека дел од спогодбата
беше реализиран преку една од најголемите филантропски донации забележани во
историјата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го исмева Макрон за носење очила на форумот во Давос (ВИДЕО)

Следно

Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов, а Венко ја направи СДС трета партија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop