Кога ќе заврши Анкетната комисија? – Мицкоски инсистира да продолжи, ЈО оцени дека ја преминува линијата

November 4, 2023
1 min read

реклама


Мицкоски бара да продолжи со работа Анкетната комисија за скандалот во Клиниката со онкологија, иако вчера требаше да ја затворат дискусијата и да се донесе заклучок за тоа дали постои политичка одговорност, за што уште на самиот почеток беше поставено како задача. Сепак шефот на опозициската партија вели дека таа треба да продолжи, во однос на контролата при аплицирањето на лековите и особено околу веледрогеријата Пановски која ги има најголемиот дел од тендерите во здравство.

„Од вонредниот инспекциски надзор на Министерството за здравство и јавните набавки во Министерството за здравство во периодот први август 21-ва до први август 23-та година, но истовремено и парцијалниот инспекциски надзор на универзитетската Клиника за радиологија и онкологија период декември 22 – јануари, февруари, март 23-та констатирани се големи неправилности и практично е констатирано дека тоа што се случувало до 21-ва само продолжува“, вели Христијан Мицкоски.

реклама

Но излегува ли од колосекот на работење и самата Анкетна комисија. На вчерашната седница Мартин Костовски од СДСМ кој имаше забелешки и на тоа што се дозволува пратениците од опозицијата да носат свои заклучоци, потсети  и дека тие треба да ја завршат работата.

„Повторно на почетокот во финалето  на завршувањето на работата на Анкетната комисија дозволувате од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се изведуваат докази субјективни од страна на опозицијата се со цел да се насочи вината“, порача Мартин Костовски.

реклама

На вчерашната седница кога пред пратениците беше сослушуван државниот јавен обвинител Љубомир Јовески побара да не се нарушува предистражниот процес и да се остави обвинителството да работи. Со реакција се јавија и од Клиниката за онкологија од каде ги отфрлија наводите на Мицкоски дека непотребно се набавувале лекови.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Репортерите без граници ги осудија израелските напади на канцеларијата за медиуми во Газа

Следно

Приведен измамник од прилепско, баран со две потерници поради бегство од затвор

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop