Коалицијата „ГЕРБ-СДС“ е победник на изборите во Бугарија, со речиси два отсто поголема доверба од „ПП-ДБ“

April 3, 2023
1 min read

Во Бугарија попладнево заврши обработката на сите протоколи на Секторските изборни комисии во Регионалните изборни комисии (РИК) за вчерашните парламентарни избори, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) на својата Интернет-страница, а победник на овие петти избори во последните две години е коалицијата „ГЕРБ-СДС“, предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Според податоците на ЦИК, коалицијата ГЕРБ-СДС освоила 669.361 глас или 26,51 отсто од избирачите кои го остварија своето право на глас, а потоа следи коалицијата „Промените продолжуваат (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ)“ со 619.592 гласа или 24,54 отсто.

На трето место е „Преродба“ со 357.167 гласови или 14,15 отсто, а на четврто е „Движење за права и слободи“ со 346.437 гласови или 13,72 отсто. „БСП за Бугарија“ го зазеде петтото место со 225.814 гласови или 8,94 отсто, а зад неа, како шеста партија која ќе влезе во новиот бугарски Парламент, е партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов со 103.641 глас или 4,11 отсто.

Партијата „Бугарски подем“ со 77.804 гласови или 3,08 отсто и „Левица!“ со 56.453 гласа или 2,24 отсто остана под цензусот за влез во парламентот – четири отсто.

На овие избори 108.842 избирачи се одлучиле за опцијата „Не поддржувам никого“ .

Излезноста на вчерашното изјаснување во Бугарија беше 40,63 отсто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија

Следно

Анчелоти: Сакам да останам во Реал

Latest from Blog

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023

Емиратите го обвинуваат Иран за напад врз танкер во Ормутскиот теснец: Го нападнаа со дронови

Поморската логистичка единица на АДНОК објави дека танкерот Барака бил празен кога бил нападнат од два беспилотни летала и дека немало извештаи за повредени. „ОАЕ дополнително ја нагласи потребата Иран да ги

Ново соопштение од Општина Прилеп: Важни информации за граѓаните

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени
Go toTop