Кисела Вода реконструира нови три улици и паркинг во Драчево

December 18, 2023
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во почетните градежни активности за реконструкција на неколку улици во населбата Драчево.

Во следните денови нов асфалт ќе добие улицата “Коперникова” и нејзиниот крак, како и кракот на улица “Иван Тургењев”. Едновремено ќе се асфалтира и паркингот на улица “Коперникова”. Се работи за градежен зафат во должина од околу 550 метри.

– Продолжуваме со обновата на патната инфраструктура низ целата општина која досега опфати околу 45 км. Денес сме во населбата Драчево каде асфалтираме сообраќаници во должина од околу 550 метри кои со децении не биле реконструирани. Се работи за улицата “Коперникова” со нејзиниот крак, на паркингот кој е во близина, како и кракот на улица “Иван Тургењев”. Говорејќи за Драчево, ќе потсетам и на минатонеделните активности за реконструкција на улиците ,,Славчо Стојменски”, ,,Томе Стефановски” и како и крак на ,,Славка Динкова”. Сево ова е дел од моите силни заложби за унапредување на условите за живот на моите сограѓани кои десетици години се движеле по оштетени сообраќајници и се соочувале со немање слух за решение на нивните проблеми од страна на претходните раководства на Општина Кисела Вода. Ветувањето ќе го исполнам во целост. До крајот на мојот мандат во оваа општина нема да остане неасфалтирана улица, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството

Следно

Франција побара објаснување од Израел по убивањето на вработен во француското МНР во нападите во Газа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop