Киноприкажувачите потпишаа Меморандум за вмрежување: Да ја вратиме публиката и да создаваме и едуцираме нова

September 28, 2023
1 min read

Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, заедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на Креативна Европа Медиа Македонија. Годинава се одбележуваат 100 години од отворањето на првото кино на браќата Манаки и со овој чин симболично се одбележа овој значен јубилеј.

Со овој меморандум се изразува интерес и желба за заедничко дејствување во киноприкажувачката дејност со една и единствена цел – Меморандумот да служи како основа за формирање на единствена кино-мрежа во Македонија. Целта на оваа кино-мрежа е поврзување на прикажувачите односно кината и застапување на нивниот заеднички интерес. Вакви кино-мрежи веќе постојат во Европа, во регионот и во светот, еве сега и кај нас со ова здружување ќе се обидеме да ја вратиме изгубената публика и да создаваме нова кино-публика, но и едукацијата на филмска публика, рече Бистра Георгиева од Форум за разумни политики.

Беше подвлечено дека ако досега секој сам се справувал со предизвиците, од овој момент веќе здружено ќе создаваат нова кино публика, бидејќи, според Георгиева сите кои работат во културата имаат должност и обврска да понудат вакви стратегии и решенија.

Особено ми е драго што ова вмрежување се случува токму во Битола, затоа што низ годините Битола и тоа како е запишан како филмски центар пред се со 3Д киното, преку фестивалот „Браќа Манаки“, Етнографски филмски фестивал, Фестивалот Камера 300 итн. Би сакала да истакнам дека иако денеска овој меморандум се потпишува на парче хартија, ние досега природно се вмрежувавме и сме реализирале безброј соработки, рече Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура – Битола.

По свеченото потпишување на Меморандумот, членовите на оваа иницијатива најавија следна средба во Свети Николе.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

188-та владина седница, ова се новите одлуки!

Следно

Вечерва во 360°: Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч

Latest from Blog

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,
Go toTop