Кина се противи на израелските копнени напади врз Либан

October 2, 2024
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Кинеските власти соопштија дека се спротивставуваат на кршењето на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Либан, како и на потези што поттикнуваат антагонизам и ескалација на тензиите на Блискиот Исток, јавува Анадолу.

„Пекинг е длабоко загрижен поради превирањата на Блискиот Исток“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг реагираше на копнените операции на израелската армија во Јужен Либан, по кои следуваа ирански ракетни напади врз Израел.

„Кина ја повикува меѓународната заедница, особено големите земји со влијание, да одиграат конструктивна улога и да избегнат натамошни превирања“, се вели во соопштението.

Кина наведе дека долготрајните борби во Газа се основна причина за нова рунда превирања на Блискиот Исток и истакна дека сите страни мора итно да работат на сеопфатен и траен прекин на огнот.

Од 23 септември Израел започна масовни воздушни напади врз либанската територија, во кои се убиени повеќе од 1.000 луѓе, а 2.950 се повредени.

Во израелските напади беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извршен вонреден инспекциски надзор во кумановската болница по смртта на родилката

Следно

Лина Ѓорческа ќе игра на турнирот во Братислава

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop