Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

May 21, 2024
1 min read

Кина денеска соопшти дека се надева дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе задржи „објективен“ став откако објави дека се бараат потерници за лидерите на Израел, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и на Хамас за воени злосторства извршени за време на седуммесечната војна во Газа.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

– Кина секогаш стоела на страната на правдата и меѓународното право за палестинското прашање, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, додавајќи дека Пекинг ги поддржува „напорите за промовирање на сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање“.

– Колективното казнување на палестинскиот народ треба да престане, додаде тој.

Според Ванг, постои „голем консензус во меѓународната заедница веднаш да се запре војната во Газа и да се стави крај на хуманитарната криза на палестинскиот народ“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Романските граѓани ќе можат без виза да престојуваат во Туркије 90 дена

Следно

ОЈО покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop