Кина: Поради тајфунот Доксури издадена највисока тревога

July 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Локалните власти во Пекинг и неколку други провинции на северот на Кина објавија највисока тревога бидејќи тајфунот Доксури донесе обилни врнежи во земјата, јавува Анадолу.

Повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани поради постојаните врнежи од дожд во последните три дена за време на тајфунот Доксури во Северна Кина, објавија државните медиуми.

Ова е петти тајфун што ја погоди Кина оваа година, а десетици илјади луѓе се евакуирани на побезбедни места. Пекинг и неговите околни региони, вклучително и Тијанџин и провинцијата Хебеи, беа најтешко погодени од тајфунот.

Националниот метеоролошки центар синоќа го обнови црвеното предупредување за обилни дождови на северот од земјата.

Ова е вторпат да се издава црвен аларм откако беше воспоставен механизмот за предупредување воспоставен во 2010 година.

Пекиншкиот „Глобал тајмс“ објави дека 18 провинции издале предупредувања за обилни дождови од вчера наутро.

Се очекува околу 130 милиони жители низ целата земја да бидат погодени од тајфунот и невремето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Удари за кои голманите немаа одговор: Топ 10 проектили на сезоната во Примера (ВИДЕО)

Следно

Мбапе утре ако се разбуди како фудбалер на ПСЖ ќе биде побогат за 40 милиони евра

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop