Кина откри потенцијални резерви на ретки земјени минерали на Хималаите

June 22, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Кинеските научници открија потенцијално огромна резерва на ретки земјени минерали на Хималаите, што би можело значително да го подобри статусот на Кина како глобален снабдувач, објави „Саут Чајна морнинг пост“ (SCMP), пренесува Анадолу.

„За брзо идентификување на наоѓалиштата и стекнување со ‘стратешки предности’, геолозите од кинеската Влада предлагаат употреба на вештачка интелигенција (AI)“, се наведува во објавата.

Локацијата на наоѓалиштата, покрај јужната граница на Тибет, ја зголемува сложеноста на тековниот територијален спор со Индија.

Истражувачки тим поддржан од централната влада развива систем за вештачка интелигенција од 2020 година, кој е способен да обработува огромни количества сателитски и други податоци за прецизно да ги лоцира ретките земјени минерали на тибетската висорамнина.

Системот постигна импресивна стапка на точност од 96 отсто, според научниците од Државната клучна лабораторија за геолошки процеси и минерални ресурси на кинескиот универзитет за геонауки во Вухан.

Кинеските научници минатиот месец започнаа студија на Монт Еверест и на висорамнината Кингхаи-Тибет за да ги проучат климатските и еколошките промени во регионот, вклучително и ефектите од западните ветрови и монсуните.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 60 отсто од Американците сметаат дека обвинувањата против Трамп се политички мотивирани

Следно

Првото „Ел Класико“ на крајот од октомври, познат распоредот на новата сезона во Примера

Latest from Blog

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“

Тревога во Финска: Кренати борбени авиони- откриена е опасност

Финскиот јавен радиодифузер Иле објави дека војската го зголемила надзорот на областа. Латвиските власти утрово издадоа јавно тревога поради можно присуство на дрон во воздушниот простор на земјата, а подоцна латвиската војска

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна. Експерти од прехранбената индустрија, претставници на академската заедница и студенти дискутираа за иновативни и одржливи пристапи за транформација на прехранбените нус производи
Go toTop