Киев: Украинската армија би можела да се повлече од Бахмут

March 1, 2023
1 min read

Украинската армија може да одлучи да ги повлече своите војници од упориштето околу Бахмут, најави денеска советникот на украинскиот претседател Александар Родњански.

„Нашата армија очигледно ќе мора да ги разгледа сите опции. Досега го браневме градот, но доколку е потребно, силите стратешки ќе се повлечат од своите позиции“, рече Родњански, додавајќи дека Украина „нема да го жртвува својот народ за ништо“.

Родњански рече и дека Русија ги користи најдобрите војници на руската паравоена група Вагнер во обид да го опколи градот.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека досега не видел знаци за украинско повлекување од градот. Тој тврди дека Киев всушност ги зајакнува своите позиции таму.

„Украинската армија распоредува дополнителни војници и прави се што може за да ја задржи контролата врз градот. Десетици илјади украински војници пружаат жесток отпор, а борбите од ден на ден стануваат покрвави“, рече тој.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак денеска изјави дека не се точни обвинувањата на Русија дека Киев користел дронови за напад на руска територија.

Москва вчера објави дека во текот на ноќта соборила два украински беспилотни летала кои биле насочени кон цивилна инфраструктура на југот на Русија. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нормализација на односите со Србија може да се постигне само со заемно признавање, вели Курти

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop