Киев на конференција во Лондон доби уште 60 милијарди евра помош за обнова на Украина

June 22, 2023
1 min read

Оваа година почнуваме да ја обновуваме Украина, нема да го чекаме крајот на војната, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал

Украина доби нова финансиска поддршка од вкупно 60 милијарди евра за обнова на својата економија, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли на крајот од Меѓународната конференција посветена на обнова на земјата што се одржа во Лондон.

„Немавме намера оваа конференција да биде форум за финансиски придонеси, но и покрај тоа, денеска беа ветени вкупно 60 милијарди евра за поддршка на Украина од владите и меѓународните организации на краток и среден рок“,

истакна Клеверли.

Главниот дел од сумата е од пакетот помош во износ од 50 милијарди евра, кој Европска Унија планира да го додели до 2027 година и го објави во пресрет на Конференцијата.

САД најавија помош во вредност од 1,3 милијарди долари наменета главно за енергетскиот сектор и инфраструктурата на Украина.

„Оваа година почнуваме да ја обновуваме Украина, нема да го чекаме крајот на војната“,

изјави украинскиот премиер Денис Шмигал, заблагодарувајќи им се на сојузниците на Киев за финансиската поддршка.

Среднорочната обнова на украинската економија се проценува на повеќе од 400 милијарди долари во оваа фаза од конфликтот.

Шмигал, исто така, ја поздрави посветеноста на „речиси сите учесници“ да ја поддржат идејата дека Русија треба да плати за своите злосторства и уништување во Украина.

„Треба да го финализираме механизмот за компензација што ќе ни овозможи да ги користиме замрзнатите руски средства за обнова на Украина“,

истакна Шмигал.

Целта на конференцијата во Лондон беше да се мобилизираат средствата неопходни за обнова на Украина на краток и среден рок, но и да се покани приватниот сектор да придонесе, создавајќи механизми за гарантирање на неговите инвестиции во земјата.

Клеверли истакна дека речиси 500 компании од 42 земји ветиле дека ќе учествуваат во обновата на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Фокусот на средбите со Вучиќ и Курти беше смирување на ситуацијата, организирање нови избори и враќање на дијалогот

Следно

УТРЕ ПОГОЛЕМ ПЕКОЛ ОД ДЕНЕС – викендов не планирајте ништо, повторно се враќаат невремињата во Македонија!

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop