КФОР поставува бодликава жица околу општинската зграда во Звечан

May 31, 2023
1 min read

Помала група граѓани во текот на целата ноќ била присутна пред зградата на општина Лепосавиќ, а утрово почнал собирот на граѓани во Звечан

Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, а припадниците на КФОР во населбата Звечан се подготвуваат да постават бодликава жица, јавуваат спрските медиуми.

Припадници на КФОР поставуваат бодликава жица околу општинската зграда во Звечан, Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На северот на Косово ноќта помина мирно, пренесе „Танјуг“.

Помала група граѓани во текот на целата ноќ била присутна пред зградата на општина Лепосавиќ, а утрово почнал собирот на граѓани во Звечан.

Србите на северот на Косово деновиве се собираат масовно пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ за да го изразат своето незадоволство од влезот на косовските градоначалници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кина ја поддржа Србија во однос на Косово и заштитата на суверенитетот

Следно

Телефонски разговор Ердоган-Столтенберг: Честитки до Ердоган

Latest from Blog

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери
Go toTop