Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

May 14, 2025
1 min read

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул.

Ако тоа се случи, рече тој, ќе дојде и самиот претседател Трамп.

– Сакаме да постигнеме сеопфатно примирје во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за териториите, рече Келог во интервју за Фокс Бизнис.

Американските медиуми претходно јавија дека одлуката на Трамп за доаѓање во Истанбул зависи од тоа дали Путин ќе се појави на преговорите. Администрацијата на Трамп денеска потврди дека ќе ги испрати Келог и Стив Виткоф во Турција за да ги претставуваат САД на потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Следно

Барселона најде голман за наредната сезона

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop