Ќе се укине ли Пржинската влада? Османи: Техничка влада ќе има, укинување е можно за следните избори

November 25, 2023
1 min read

реклама


На Мицкоски не му е до промена на Пржинската Влада, туку единствената цел му е да нема премиер Албанец во 100 дена пред изборите. Ова го истакна потпретседателот на ДУИ Бујар Османи откако од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став за измена на Законот за Влада со цел да нема можност премиер од редовите на ДУИ во техничка влада. Османи вели дека за такво нешто на овие избори нема простор, а воедно и поради договорот со коалицискиот партнер СДСМ.

„Лидерот на опозицијата Пржинската Влада ја наметна како тема во функција на премиер Албанец. Значи прво треба да се издвојат тие две теми. За првата нема простор, бидејќи нема ни причина зашто двата коалициски партнери се имаат усогласено за тоа. Но за Пржинската Влада простор нема за овие избори. За наредните избори можеме да разговараме.“, изјави Османи.

На ист став е и СДСМ.

„100 дена пред изборите во 2024 година во Македонија ќе има техничка Влада како што налага и Законот за Влада. СДСМ во изминатите години создаде амбиент и се одржаа фер и демократски избори и може да се разговара за укинување на техничката Влада но во некои наредни изборни циклуси, за што треба и политички консензус од сите политички партии“, изјави Дарко Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека бараат укинување на Техничката влада само да нема премиер од редовите на ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже веднаш од техничка влада, доколку криминалната партија ДУИ нема технички премиер, а СДС има храброст на ДУИ да му рече доста е. Би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се очекува на почетокот на идниот месец да биде закажана средба на партиите во кои точно ќе се дефинира датумот на изборите, по што треба да се одреди и точниот датум од кога ќе биде избрана Пржинската влада.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради попречено возило, во прекин сообраќајот на „Стража“

Следно

Зеленски направи сеча на генерали

Latest from Blog

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се
Go toTop