Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

February 5, 2026
2 mins read

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој беше прашан во врска со сообраќајни знаци, особено пред училишта, според граѓани немало доволно сообраќајни знаци, не знаеле колку да возат, а имало поплаки и околу инфраструктурата.

– Се согласувам и народот е во право. Ние имаме близу 150 критични или „црни“ точки што се веќе детектирани. Имавме состанок со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и во наредниот период ќе започнеме со еден процес, синхронизирана активност, сите заеднички да доведеме до состојба да работиме на отстанување на овие 150 „црни“ точки во кои спаѓаат и „црни“ точки со непоставени знаци, светлосна сигнализација и сето тоа. Веќе најавив дека за „Улици и патишта“ оваа година предвидуваме сериозни средства поврзани со смарт зелен бран, одговори Ѓорѓиевски.

Меѓу другото, тој рече дека добро е што измена е направена во законот во однос на поставување на таканаречените лежечки полицајци. Сега имало можност да се дејствува и во тој дел.

– Да сумирам, во наредниот период – опсежни активности во координација со Министерството за внатрешни работи, некаде ќе се приклучи и Министерството за транспорт, но, пред сè, фронтмен ќе биде во целата активност – Градот Скопје и Јавното претпријатие за улици и патишта. Агендата ни е, сто и педесетина критични точки или „црни“ точки во главниот град, да бидат обезбедени за да влијаеме за што помалку сообраќајни незгоди и не дај Боже, смртни случаи, истакна Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање, доколку возач на автобус од ЈСП надмине брзина или помине на црвено, кој ќе ја плати казната, дали ЈСП или возачот, Ѓорѓиевски рече дека одговорноста ја сноси лицето кое управувало со возилото.

– И во Градот Скопје и во сите јавни претпријатија, одговорноста е пред сè кај тој кој го управува возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што нема да може да се утврди кој е оној кој го возел возилото – дали е тоа механизација или лесно, патничко возило и така натаму, одговорноста оди кај шефот на возен парк, односно тој кој е овластен за да раководи со возилата. Во наредниот период ќе биде спроведена постапка по принципот на модерните претпријатија – во светот, во Европа како што функционираат, со ГПС – навигација, уреди, но и отчитувачи со картица, за возилото да не може да функционира доколку не се регистрира возачот, а и ние точно да знаеме која е трасата на движење. Но, ќе бидат поставени затоа што, не можам со сигурност да го потврдам – има други служби што го потврдуваат тоа, дека во минатото вршеле и злоупотреби во однос на горивото. Ќе бидат поставени и мерачи специјални што и едно литро да покаже поголема потрошувачка, дали е на патничко или е на тешка механизација возило, веднаш ќе алармира во систем и ќе се прави проверка дали е до дефект или пак е за потенцијална злоупотреба на возилото, одговори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Следно

Стармер под притисок да поднесе оставка поради назначувањето на пријател на Епстин за амбасадор во САД

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop