„Ќе реализираме наш систем за воздушна одбрана ‘Челична купола’“

September 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – „Туркије ќе спроведе сопствен проект за противвоздушна одбрана ‘Челична купола’ “, истакна вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Се надеваме дека ќе го реализираме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти.

„Ако Израел има ‘Железна купола’, тогаш ние ќе имаме ‘челична купола’ “, рече Ердоган во своето обраќање за време на церемонијата на доделување дипломи на Академијата на воздухопловните сили.

Ердоган особено го истакна напредокот што Туркије го постигна во областа на производството на беспилотни летала. Тој ја повтори посветеноста на Анкара за понатамошно зајакнување на сопствените воени способности.

„Работиме на производство, развој или набавка на сè што бараат нашите воздушни сили, од проектили до системи за противвоздушна одбрана“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Туркије е особено посветена на производството во одбранбената индустрија.

„Настаните во нашиот регион нѐ потсетуваат на важноста на чекорите што ги презедовме на полето на одбранбената индустрија во последните 22 години“, истакна турскиот претседател Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Горан Петрески поднесе оставка на тренерското место на ФК Вардар

Следно

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop