Горан Петрески поднесе оставка на тренерското место на ФК Вардар

September 1, 2024
1 min read

Тренерот Горан Петрески заедно со неговиот стручен штаб си заминува од ФК Вардар по вчерашниот пораз од Воска Спорт на домашен терен во рамките на редовното коло во ПМФЛ.

Петрески клупата на Вардар ја напушта по два натпревари во кои забележа два порази, освен од Воска, црвено-црните претходно беа поразени и со 3:0 од Шкупи.

“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески.

Засега не е познато кој ќе биде новиот стратег на ФК Вардар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху ги демантираше наводите за генерален прекин на огнот во Газа заради вакцинација против детска парализа

Следно

„Ќе реализираме наш систем за воздушна одбрана ‘Челична купола’“

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop