„ЌЕ ПЛАЧАМ ДОДЕКА СОЛЗИТЕ НЕ ПРЕСУШАТ“: Таткото на загинатата српска пејачка во Дубаи во шок од тоа како можело на неа да и се случи таква несреќа (ФОТО)

January 18, 2024
1 min read

Пејачката Андријана Лазиќ почина во Дубаи, јавуваат српските медиуми.

Според пишувањата на медиумите таа трагично загинала на 10-ти јануари во популарното монденско место, паѓајќи од 24-от кат на една зграда.

Нејзиниот татко Небојша Лазиќ на својот фејсбук-профил објави серија фотографии со Андријана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Lazić (@andrijanaalazic)

„Ќе плачам за тебе додека солзите не пресушат. Засекогаш ќе останеш дел од мојата душа, тато ќе те сака до последниот ден од својот живот“, напиша тој во описот на објавата.

Претходно, Небојша објави уште една проштална порака.

„Мојата единица, малиот адвокат на тато, утрово отиде кај ангелите. Ти донесе радост во мојот живот на 2 ноември 1995 година кога се роди. Сите секогаш велеа „Анчи е на тебе“. Ти викав љубезно, а понекогаш и револтирано, мало мое адвокатче! Многумина молчеа и денес молчат кога зборувам, а ти како лавица се бореше да бидеш копија на татка си! Често те критикував, бидејќи секогаш ти посакував се најдобро и многу те сакав“, пишува тој.

„Жал ми е за секој повишен тон, за било што, извини, секогаш ти посакував само најдобро! Затоа што татковците се секогаш особено слаби на ќерките! Знаев кога ќе те погледнев како си, дали си расположена, тажна или лута! Велат, на малите деца им е гајле! А реалноста е-големи деца, големи грижи! Можеби премногу се грижев за тебе, па набрзина реагирав, таков ми е темпераментот! Знам дека имаше добрина и сакаше да им помогнеш на сите! Загубата е страшна! Болна! Немерлива! Неопислива! Многу би сакал да си овде, да ме нервираш секој ден од мојот живот, само да си тука! Се радував кога дипломираше, кога стана полнолетна, возрасна! Сè се смени утрово! Мојот живот, животот на мајка ти, животот на Стефи и Том никогаш повеќе нема да биде ист! Никој не може да го надомести суровиот факт што повеќе не си со нас! Не знам дали и како ќе имаме сила да продолжиме. Ќе се обидеме со надеж дека си го нашла својот мир и дека ангелите те чуваат“, завршува Небојша.

Андријана е од Бјелина, родена на втори ноември 1995 година. Таа неодамна снимила две песни со познатиот композитор Горан Ратковиќ Рале и сакала да започне сериозна музичка кариера.

Според локалните медиуми, таа сакала да патува и често посетувала егзотични дестинации со своите пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Lazić (@andrijanaalazic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Lazić (@andrijanaalazic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Lazić (@andrijanaalazic)

Андријана Лазиќ била дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензема добива закани во Саудиска Арабија поради зборовите на францускиот министер за внатрешни работи

Следно

Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Извршната власт подготвува интервентни мерки за да ги заштити граѓаните од најавениот драстичен скок на цените на горивата на светските берзи. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, без владина реакција, бензините би

Араухо погоди за победа, ама голманот Гарсија е херојот на Барса!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Барселона го победи Рајо Ваљекано на својот „Камп Ноу“ со резултат 1:0, па пред вечерашниот „Мадрилењо“ чекаат со +7 во споредба со Реал. Единствениот гол на натпреварот го постигна Роналд Араухо
Go toTop