Ќе има ли одговорност: Секоја втора дискотека со лиценца не ги исполнува условите

March 22, 2025
1 min read

И викендов инспекциските служби не мируваат-продолжуваат контролите за објектите со и без лиценци. Се „чешлаат“ угостителските објекти дали исполнуваат минимум технички услови. Ова произлегува по најавените контроли по пожарот кој настана во дискотеката „Пулс“ во Кочани и однесе многу жртви.

Од Влада велат дека тимови составени од МВР, ДПИ, Финансова полиција, трудова, надлежни институции се наочена кон утврдување на тоа што се случува на терен. Оној кој го прекршил законот ќе одговара.

„Во овој момент Владата работи на проверка и преземање на сите активности кои се во насока на утврдување на актуелната состојба која се однесува на вашето прашање, а е во однос на лиценците коишто се издавани во изманатите години, коишто имале лиценци, немале лиценци а работеле. Мораме да ја скенираме состојбата на терен. Во овој момент сите податоци со коишто располагам е дека сите надлежни институции работат на терен, активно да проверат каква е актуелната состојба.“ – Марија Митева портпарол на Влада на РСМ.

Инспекциски служби на општините на подрачје на Скопје, како и на територија на цела Македонија вршат контроли на угостителски објекти. Некои од општините веќе изготвија планови за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување.

Се испраќаат и барања до сите основни училишта и градинки за доставување одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите и ажурирање на апаратите за гасење пожар. Се проверува документацијата која е  неопходна за работење согласно Законот за угостителска дејност, се проверува и урбана опрема пред локалите, дали се почитуваат законските одредби и подигнување на хигиената. 

Според Обвинителството, во врска со кабарето „Пулс“ двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори се сомничат дека во пет години не извршиле контрола над работењето на фирмата за да утврдат дали има важечка лиценца.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Следно

Протести во Турција: Се бара ослободување на градоначалникот на Истанбул кој беше приведен

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop