ЌЕ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ: Еден од водечките луѓе на Телеграм бара државјанство на БиХ

July 29, 2026
1 min read

На утрешната седница, Советот на министри на БиХ треба да го разгледа барањето за доделување државјанство на Илија Перекопски, руски бизнисмен и еден од луѓето поврзани со основањето на Телеграм и социјалната мрежа VK, пишува Klix.ba.

Перекопски е близок со Павел Дуров, основачот на Телеграм, кај кого студирал. Кlix наведува дека станува збор за претприемач кој бил вклучен во неколку бизниси поврзани со криптовалути и финансиско посредување, меѓу другото преку компанијата Blackmoon Financial Group.

Регистриран во Бања Лука

Според документот до кој Кlix имал пристап, барањето за државјанство е испратено од Стопанската комора на Република Српска. Во него се наведува дека Перекопски работи во компанијата EVA Genesis од Бања Лука како лингвист од јануари 2026 година.

Привремен престој во БиХ му е одобрен на 13 март оваа година, а важи до 17 февруари следната година. Во барањето се наведува дека бара државјанство на БиХ бидејќи е во процес на преземање на сопственоста на компанијата EVA Genesis. 

Перекопски тврди дека оваа компанија би можела да стане важен дел од економијата на БиХ и дека ќе инвестира значителни средства во развој на бизнисот. Според барањето на Стопанската комора на РС, EVA Genesis се занимава со проекти во дигиталниот маркетинг и комуникации, информатичките технологии и модната индустрија.

Поминал безбедносни проверки

Klix пишува дека Перекопски ги поминал безбедносните проверки на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ, што овозможило понатамошна постапка за доделување државјанство. За да го добие, потребен е консензус од членовите на Советот на министри на БиХ.

Стопанската комора на РС, според извори од Klix, покренала постапка кон Министерството за граѓански работи на Босна и Херцеговина. Неофицијално се наведува дека Перекопски би можел да привлече нови инвестиции во Република Српска поради неговото деловно искуство и врските во банкарскиот сектор.

Telegram под притисок од Русија

Во јавни извори, Перекопски е поврзан со Дуров, кој повторно е под притисок од руските власти во последните денови. Klix известува дека руската разузнавачка служба ФСБ издаде потерница по Дуров, обвинувајќи го Telegram дека не ги отстранил каналите, разговорите и ботовите за кои ФСБ тврди дека ги користат украинските разузнавачки служби и терористичките и екстремистичките организации.

Според истиот извор, руските безбедносни служби официјално не издале потерница по Перекопски, но тој е поврзан со бизнисот предводен од Дуров. Според јавно достапните информации објавени од Кlix, Перекопски живее во егзил со Дуров во Дубаи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети 5.000 штеки цигари на Богородица – српски државјанин приведен за криумчарење

Следно

Сите да одговорат за 53 дена: Инфантино ги „поткупува“ Федерациите со по 40 милиони долари?!

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop