Ќе биде ли укинувањето на техничката влада причина за нова политичка криза?

April 26, 2026
1 min read

Движењето ЗНАМ ја обвинува СДСМ и Венко Филипче за неодговорно и блокирачко однесување во политичките процеси, при што отвора сомнежи дека се подготвува сценарио за напуштање на Собранието и бојкот на парламентарните избори. Според ЗНАМ, овие постапки се поврзани со страв од изборен пораз и обиди за зачувување на контролата во рамките на партијата, додека нагласуваат дека на државата ѝ се потребни стабилност, одговорност и продолжување на европскиот пат. Оттаму велат велат дека се лага тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии.

Од опозициската СДСМ пак ги обвинуваат ЗНАМ како партија без идеологија, без програма и без јасен политички став, оценувајќи ја како сателит на ВМРО создаден за слабеење на опозицијата, особено на СДСМ.

ЗНАМ „во моментов“ нема став за законот за забрана на двојно државјанство. Мемов вели дека став ќе има кога ќе заврши внатрешната дебата. Се поставува прашањето колку хипокризија може да собере една партија. ЗНАМ нема идеологија, нема програма, па затоа нема ниту став. Тие не знаат дали се центар или десница. Всушност, не знаат ништо, бидејќи се обична сателитска партија создадена од ВМРО со една цел – да ја разедини и ослаби опозицијата, велат од СДСМ.

Партијата ЗНАМ сè уште нема дадено став за законот за двојно државјанство, а портпаролот на партијата Мемов изјави дека ќе се произнесат по завршување на јавната расправа и кога ќе има конечен текст на законот.

Темата за укинување на Техничката влада која ја предложи премиерот Мицкоски уште пред неколку месеци веќе стигна во Собрание, а не се исклучува можноста веќе и на почетокот на следната недела да ја помине и финалната фаза и гласањето што значи дека техничка влада ќе има уште на следните парламентарни избори, а потоа актуелната влада сама ќе ги организира . Мнозинството најавуваше и дека има поддршка за укинување на пржинската Влада од САД и ЕУ, но не приложи официјални докази , а освен СДСМ, против се изјасни и ДУИ . Отворена поддршка за укинување на техничката влада веќе даде и претседателката Сиљановска Дафкова, но смета дека за укинувањето треба да има дијалог. Пржинската Влада е дел од договорот меѓу Зоран Заев и Никола Груевски во Пржино во 2015 за фер и демократски избори.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лудница на „Ваљекас“: Голеада, ВАР одново се “истакна“, израмнување со гол во 90+9.минута за Рајо!

Следно

Хаос во Мали: Убиен министерот за одбрана

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ

Бразил без Нејмар и за натпреварот со Хаити

фото: RMFCTeam (X) Нејмар нема да игра и на натпреварот против Хаити на Светското првенство во 2026 година. Според новинарката Раиса Симплисио, напаѓачот на бразилската репрезентација сè уште не се опоравил од
Go toTop