Казахстан го укинува неограничниот престој за руските државјани и воведува визни контроли 

January 17, 2023
1 min read

Десетици илјади Руси се преселија во Казахстан минатата година, откако Москва ја започна првата воена мобилизација по Втората светска војна за го заголеми бројот на своите сили во војната во Украина

Казахстан повеќе нема да им дозволува на руските граѓани да останат во оваа централноазиска земја на неодредено време и најави воведување на визни контроли на секои три месеци, јави Ројтерс, повикувајќи се на директива од владата на земјата. 

Руски државјани на руско-казахстанската граница по објавата на делумната мобилизација во септември, минатата година/Фото: EPA-EFE/PAVEL TABARCHUK

Според директивата, властите во Астана од 26 јануари ќе воведат пракса со која од Русите и граѓаните на другите членки на Евроазиската економска унија ќе се бара да ја напуштат земјата најмалку 90 дена по нивниот тримесечен престој. 

Од министерството за внатрешни работи на земјата, кое ја предложило реформата, рекле дека мерката ќе ѝ даде на државата поголема контрола врз миграциските текови. 

Десетици илјади Руси се преселија во Казахстан минатата година, откако Москва ја започна првата воена мобилизација по Втората светска војна за го заголеми бројот на своите сили во војната во Украина. 

Во Казахстан нашироко се зборува рускиот јазик, а двете земји ја делат најдолгата копнена граница во светот, што ја прави оваа земја популарен избор меѓу Русите кои одбиваат да учествуваат во војната. 

Според казахстанските власти, земјата се бори со последиците од доаѓањето на голем број руски мигранти. Инфлацијата минатата година се искачи на повеќе од 20 отсто, што е највисока од 1990-тите години на минатиот век. 

Војната во Украина, исто така, ги затегна врските меѓу Москва и Астана, бидејќи Казахстан одби да ја поддржи инвазијата и повика на мир, наведува Ројтерс. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инцидент во центарот на Скопје: 18-годишник истепан од неколку лица

Следно

10-те најбрутални убиства на Коза Ностра под водство на озлогласениот Матео Денаро

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop