Казахстан до крајот на годината ќе отвори Амбасада во Скопје

August 12, 2023
1 min read

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје, пренесува Анадолу.

Според соопштението на МНР на Северна Македонија, ова било потврдено на разговорите што министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, ги имал со претседателот на Казахстан, Касум-Жомарт Токајев, и со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, во Астана.

„Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година“, се вели во соопштението.

„Казахстан важи за двигател на економијата во Централна Азија и отворањето Амбасада во Скопје ќе придонесе кон продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, развој на економската соработка и унапредување на договорната рамка. Воедно, ова би била прва резидентна амбасада од земја од Централна Азија во Северна Македонија“, се додава во ова соопштение.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарија осомничена дека дрпнала 500 милиони евра од ЕУ

Следно

Времето претежно стабилно, во вторник пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop