Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

June 26, 2026
1 min read

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да се покаже конкретен успех со земјите од Западен Балкан. Ова го истакна д-р Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ), во емисијата „Топ Тема“.

Според Кацарска, сегашните иницијативи доаѓаат како одговор на предлогот на Европската комисија од февруари оваа година за т.н. „реверзибилно членство“. Овој модел, кој предвидуваше можност за враќање назад во процесот доколку се изгуби реформскиот замав, беше експресно одбиен од државите членки.

„Како резултат на тоа, еврокомесарката Марта Кос ги повика државите членки сами да дадат предлози за тоа како да се продолжи со процесот на проширување,“ објаснува Кацарска, посочувајќи дека оттука произлегуваат и најновите дипломатски документи.

Како клучни моменти во тековните дебати, Кацарска ги издвојува германските предлози, но пред сè заедничкиот француско-германски „нон-пејпер“. Таа смета дека усогласувањето на позициите помеѓу Париз и Берлин е секогаш пресудно за насоката во која ќе се движи Унијата.

Паралелно со ова, земјите од Бенелукс, предводени од Холандија, поднесоа свој документ кој става силен акцент на гаранциите во пристапниот процес, со посебен фокус на владеењето на правото. Овие идеи се очекува да бидат дел од стратешката рефлексија за проширувањето на Европскиот совет закажан за октомври.

Додека Украина се третира како специфичен случај кој бара итно внимание, Европската комисија создава притисок врз државите членки да испорачаат резултати и на Западен Балкан.

„Црна Гора веќе се движи кон затворање на преговорите. Тие имаат околу 16 затворени поглавја, а се најавуваат уште две или три за во јуни. Иако се далеку од затворање на сите 33 поглавја оваа година, напредокот е видлив,“ вели Кацарска. Таа додава дека сличен пробив се очекува и за Албанија, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз ЕУ да го исполни ветувањето за полноправно членство.

Според неа, следните месеци ќе бидат клучни за дефинирање на новата финансиска и стратешка рамка на Унијата, каде проширувањето повеќе не е само техничко прашање, туку геополитичка неопходност под сенката на војната во Украина.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Инфраструктурните инвестиции продолжуваат во Чаир

Следно

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Latest from Blog

Пресврт за паметење: Аргентина вторпат по ред во финалето на Мундијалот! (ВИДЕО)

Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство со резултат од 2:1 и со тоа се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред. „Гордиот Албион“ последен пат играше

Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени

Вишиот регионален суд во Минхен, исто така, ги прогласи за виновни за членство во терористичката организација Исламска држава (ИСИС). Мажот, идентификуван само како Твана Х. С. во согласност со германските правила за

„Ги знаела процедурите, но ги знаела и шемите за продажба на бебиња“ – 8 години затвор за посредничката

Скопскиот кривичен суд ја осудил за виновна за трговија со бебе згрижувачката на деца што со години соработувала со Центарот за социјални работи, а за која неодамна пишуваше весникот ВЕЧЕР дека е

Урнебесна порака до Макрон: “Го повикавте Вучиќ, ете затоа загубивте од Шпанија“!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги запрат она што го нарекоа „акти на агресија“ и предупреди дека другите извозни патишта за нафта и
Go toTop