„Катастрофа на столетието“ – Пред една година Туркије ја потресоа два разорни земјотреса

February 6, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

– Есин ИШИК

Пред една година Туркије ја потресоа два силни земјотреса, магнитуди од 7,7 и 7,6 степени, со разорни последици во 11 турски области. Од земјотресите, кои се карактеризирани како „катастрофа на столетието“, директно се погодени 14 милиони граѓани. Туркије прогласи аларм од четврто ниво, вклучително меѓународна помош, а во целата земја беше прогласена национална жалост во траење од седум дена, пишува Анадолу.

Туркије на 6 февруари 2023 година, во 4:17 часот наутро по локално време, ја потресе земјотрес со интензитет од 7,7 степени во подрачјето Пазарџик во областа Кахраманмараш, а во 13:24 часот со епицентар во местото Елбистан, се случи и вториот земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Во „катастрофата на столетието“, која ги погоди турските области Кахраманмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Дијарбакир, Шанлиурфа, Газиантеп, Килис, Адана, Малатја и Елазиг, животот го загубија 53.537 лица, a 107.213 се повредени.

По земјотресот, за кој Туркије прогласи четврт степен на приправност, вклучително и меѓународната помош, тимовите за потрага и спасување од 93 земји учествуваа во спасувањето во регионот.

Земјотресите, кои директно погодија 14 милиони луѓе на површина од 120.000 квадратни километри, предизвикаа тешки разорувања во 11 турски области, 124 окрузи, 6.929 села и места.

Во целата земја беше прогласена национална жалост во траење од седум дена, а во регионот на потресот беше воведена вонредна состојба.

По земјотресот беа мобилизирани сите јавни установи, локални управи, невладини организации и волонтери и започна праќање помош во регионот, вклучително вода, храна, лекови и облека.

Потрагата по преживеаните е извршена во 38.901 објекти уништени во земјотресите, а акцијата на извлекување и спасување е спроведена во 26.000 објекти за кои е утврдено дека под урнатините има преживеани.

– Во операциите учествуваа 650.000 спасувачи

Во интервенциите во регионот работеа вкупно 650.000 припадници на различни тимови за давање помош, потрага и спасување, вклучително и 11.488 припадници на меѓународниот персонал.

Во 350 шаторски населби во регионите погодени од земјотресите поставени се 645.000 шатори, а во 414 контејнерски населби 215.224 контејнери.

– Во регионот се префрлени ресурси во вредност 106,7 милијарди турски лири

Во рамките на услугите за привремени засолништа досега се исплатени вкупно 14 милијарди и 453 милиони лири (околу 440 милиони евра) како „исплата за поддршка на кирија“ за 349.000 домаќинства. Во тој контекст продолжува да се исплаќа поддршката за кирија од 7.500 лири за сопствениците на куќите (околу 230 евра) и 5.000 лири (околу 150 евра) за станарите.

Заедно со другата помош и исплати, вкупно 106 милијарди 728 милиони лири (околу 3,25 милијарди евра) им се префрлени на подрачјата зафатени од катастрофалните земјотреси.

Процената на штетата е извршена на 2,3 милиони објекти, а досега се спроведени 91 отсто од процесите за отстранување на урнатините од земјотресите во погодените подрачја.

Во рамките на напорите за заздравување на раните на граѓаните погодени од земјотресите започна изградба на 307.000 дома во градовите и селата разурнати од потресите.

Во тој контекст, во проектите за обнова на регионот, за станови е обезбеден грант во висина од 750.000 лири (околу 22.800 евра) и 750.00 лири кредит, за селски куќи со штали 750.000 лири грант и еден милион лири (околу 30.400 евра) кредит, а за деловни простории 400.000 лири грант (околу 12.200 евра) и исто толку кредит со грејс период од две години и бескаматен рок на достасување од 10 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шестмина ранети во пукотница пред судот во Истанбул, напаѓачите се елиминирани

Следно

Проблемот со пасошите на владина седница

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Изет Меџити денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир. Во своето обраќање, тој истакна дека враќањето на оваа позиција за него претставува чест, одговорност и продолжение на една длабока

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава
Go toTop