Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

December 5, 2024
2 mins read

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи, не само во она што го зборува, туку и во она што го прави, истакна заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф, по заедничката средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски, пак, рече дека она што и останува на земјава е да бара решение за отпочнување и завршување на процесот за пристап кон Европската унија, а во меѓувреме, како што рече, да ги завршиме домашните задачи во врска со владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата.

– Она кое што останува на нас е да бараме решение овој процес да отпочне и да се заврши. Ние не сакаме да се натпреваруваме во оваа трка само за да почнеме, туку сакаме и да го завршиме. Такво решение треба да бараме кога ќе почнеме, колку сме направиле, колку реформи сме испорачале, колку сме брзи во тој процес, да го завршиме и, како што кажа господинот Касаноф, да го завземеме нашето природно место во рамките на ЕУ … А во меѓувреме, треба да си завршиме и многу домашни задачи. Тука е борбата со криминалот и корупцијата, нешто за кое што јас шести месец зборувам, нешто за кое што граѓаните нас не обвинуваат како Влада, зошто сме немоќни да испорачаме одговорност, зошто некои луѓе не се одговорни, а сите знаеме што направиле и како направиле, рече премиерот.

Во делот на економските реформи, Мицкоски рече дека се постигнуваат резултати во делот на подобрување на стандардот на живеење на граѓаните, дисциплината во институциите.

-Сето тоа претставува домашна задача. Ова се две паралелни улици, два паралелни булевари кои мораме да ги одиме и многу е важно дека зависат од нас, а ние се ќе направиме што е во наша моќ ова да го испорачаме, посебено кога станува збор за реформите и сето она што претставува домашна задача, рече премиерот.

Прашан дали може да се очекува проширување на црната листа, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен БалканКасаноф рече дека не може да коментира детали во моментов, но како што рече, тоа е нивен приоритет и е нешто на кое што САД.

– Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во С.Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, рече, она кое што може да го каже е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

– Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до С. Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи за нејзиниот пат кон ЕУ, рече Касаноф.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изгласана недоверба на француската влада, Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата

Следно

Зголемен бројот на лица заразени од грип за 65

Latest from Blog

Петрушевски: Работата на Владата дава ефект кај граѓаните и работите се испорачуваат токму како што беа ветени

На вечерашното гостување на Алфа Телевизија во емисијата „За или Против“ присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој се осврна на резултатите од анкетата направена од страна на Маркет Вижн која

На неколку правци забрана за камиони – еве каква е состојбата на патиштата!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Дебар – Маврово Охрид – Кичево (Пресека) Кичево –

Три закони од областа на образованието го поминаа собранискиот комисиски филтер

Три закони од областа на образованието денеска го поминаа комисискиот филтер. Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт дадоа поддршка за Предлог законот за престанување на важењето на Законот за

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Македонски Брод

На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ. Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни

Околу 200.000 домови без струја во БиХ поради снежните врнежи

Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета. Електропривреда БиХ од Федерацијата
Go toTop