Кардиохирург стави точка: Вака консумирањето јајца влијае на вашиот животен век

November 26, 2025
1 min read

Д-р Џереми Лондон, кардиохирург, ја прекина дилемата на многумина и откри како јајцата во исхраната влијаат на долговечноста и здравјето.

Јајцата одамна предизвикуваат контроверзии во диететските дебати. Некои ги сметаат за суперхрана, додека други предупредуваат на опасниот холестерол. Со години околу оваа тема се создадоа бројни митови и диететски недоразбирања. Влијанието на јајцата врз организмот не е секогаш очигледно и честопати зависи од дополнителни фактори.

Сепак, факт е дека не е потребно да се ограничат на две јајца неделно за исхраната да биде безбедна. Д-р Џереми Лондон, кардиохирург, реши да ги разбие овие митови во едно неодамнешно видео објавено на социјалните мрежи.

„Секојдневното консумирање јајца може да биде еден од најдобрите начини да се зачуваат виталноста и здравиот стил на живот“, истакна познатиот лекар.

@drjeremylondon Why I eat eggs as a Heart Surgeon #eggs #hearthealth #doctor #cholesterol #fypシ ♬ original sound – Dr. Jeremy London, MD

Зошто е добро да јадеме јајца?

Јајцата се „вистински коктел на здравје“. Содржат протеини со висок квалитет и сите девет есенцијални аминокиселини, како и витамини и минерали – меѓу нив витамин D, клучен за имунитетот, и витамин B12, кој го поддржува енергетскиот метаболизам.

Не треба да се заборават ниту соединенијата како лутеин и зеаксантин, кои го штитат видот, или холинот, кој помага за меморијата, здравјето на црниот дроб и правилното функционирање на клетките.

Како што истакнува д-р Лондон, овие хранливи материи помагаат во борбата против хронични воспаленија, оксидативен стрес и го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Холестеролот во јајцата и здравјето

Еден од главните аргументи на критичарите е високиот холестерол. Едно јајце содржи околу 180 mg. Но д-р Лондон ги смирува сите: кај здрави лица организмот сам го регулира нивото на холестерол.

„Црниот дроб ја намалува продукцијата на холестерол кога внесот однадвор се зголемува“, објаснува експертот.

Да, некои лица се посензитивни на холестерол и треба да внимаваат. Но за повеќето луѓе, јајцата не се опасност. Клучот за здраво срце е контрола на други ризик-фактори – висок притисок, пушење или инсулинска резистенција.

Колку јајца дневно може да јадеме?

Идеалната комбинација е јајцата да се служат со зеленчук, интегрални житарки и здрави масти. Препораките се менувале низ годините, но суштината е дека секој организам е различен. При сомнеж – консултација со лекар или нутриционист.

Според извештаите на Светската здравствена организација („WHO“), здрави возрасни можат безбедно да консумираат од 10 до 12 јајца неделно, односно едно до две јајца дневно.

Американското здружение за срце („AHA“) исто така истакнува дека јајцата можат да бидат дел од здравата исхрана. Според нивните препораки, здрави лица можат да јадат едно цело јајце дневно во рамки на исхрана која го поддржува здравјето на срцето. За здрави постари лица, „AHA“ дозволува и две јајца дневно, под услов исхраната да биде „пријателска за срцето“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: СДС го партизираше правосудниот систем, неопходни се реформи и кадровско освежување

Следно

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро ја почна затворската казна

Latest from Blog

Брзо и ефикасно: Еве како да спречите замрзнување на бравите на вратите во текот на зимата

Зимските температури, снегот и влажноста често предизвикуваат замрзнување на бравите на вратите, што може да доведе до непријатни ситуации и оштетувања. Со навремена подготовка и правилно одржување, може да се избегнат повеќето

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, со положување цвеќе, им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во кругот на Полициската станица Гази Баба кои пред

Антонио Конте пикираше двајца играчи

Зимскиот преоден рок е во тек во најдобрите светски фудбалски лиги. Во повеќето од овие лиги, трансферите можат да се вршат до 2 февруари. Следете ги најинтересните вести. „Скај Спортс Италија“ објави

Во пад на авион загина познат пејач од Колумбија

Колумбискиот пејач Јеисон Хименез е меѓу шесте лица кои загинаа откако авионот со кој патуваше со своите музичари се урна и се запали во Колумбија. Јеисон Хименез и неговиот бенд патувале на концерт синоќа

Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во
Go toTop