Карди Би ослободена од обвиненија за напад во 2018 година

September 3, 2025
1 min read

Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV.

Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога Карди Би, тогаш бремена со своето прво дете, посетила лекарска ординација. Обезбедувачката тврдеше дека добитничката на Греми ја плукнала и ѝ го изгребала лицето со ноктите, велејќи дека конфронтацијата ја трауматизирала по што ја загубила и работата. Таа бараше милионски надомест.

Карди Би, чие вистинско име е Белкалис Алманзар, сведочеше дека никогаш не ја допрела жената, инсистирајќи дека расправијата била само вербална. Таа изјави дека се чувствувала вознемирена кога обезбедувачката се обидела да ја снима со телефон. Во тоа време, Карди Би беше мажена за раперот Offset.

Раперката и претходно имала правни проблеми. Во 2022 година призна вина за телесна повреда и загрозување на безбедноста при тепачка со две келнерки во стриптиз-клуб во Њујорк, добивајќи казна од 15 дена општествено корисна работа.

Година подоцна, полицијата ја истражуваше за инцидент во Лас Вегас, кога таа фрли микрофон кон публика откако некој ја испрска со пијалак за време на настап. Тој случај беше отфрлен поради недостиг на докази. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жестока тепачка на грчки остров: Се степаа пијани туристи, настрадаа полицајците (ВИДЕО)

Следно

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop