Капиталните инвестиции во застој, реализација од само 9% за три месеци

April 14, 2025
1 min read

Иако Владата секојдневно промовира проекти и функционери редовно сечат ленти, официјалните бројки раскажуваат поинаква приказна. Во првите три месеци од 2025 година, од предвидените капитални расходи се реализирани само 9 отсто, покажува фискалниот бројач на Министерството за финансии.

Заклучно со 8 април, реализирани се само 4,49 милијарди денари или околу 73 милиони евра, од вкупно планираните 47,2 милијарди денари – сума што претставува 4,6% од домашниот бруто-производ и која требаше да поттикне економски раст и нови можности.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, не гледа проблем во овие податоци. Според неа, реализацијата се одвива според очекувањата.

„Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекувам зголемена реализација во следните месеци“, изјави министерката на настан по повод Денот на Царинската управа.

Таа посочи дека промената на методологијата за евидентирање на расходите игра голема улога во нискиот процент. Во минатото, исплатите на гаранции за јавни претпријатија и акционерски друштва се сметаа за капитални трошоци, што давало „вештачка слика“ за реализацијата.

„Сега тие трошоци се евидентираат под линија. Кога би ги вратиле над линија, ќе се види дека реализацијата е дури и поголема од лани“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека нема да дозволи, како во минатото, капиталните расходи да се прикажуваат манипулативно, само за да се создаде слика дека се работи.

„Во изминатите седум години имавме лажна слика за капитални инвестиции. Со новиот пристап имаме реална слика за тоа што навистина се гради“, рече министерката.

Иако Владата најавува проекти, прашање е дали ќе се избегне судбината на претходните години – ребаланс на Буџетот и пренамена на нереализираните средства. Опозицијата, која порано ја користеше ниската реализација како аргумент против тогашната власт, сега се соочува со истата реалност. Дали ќе се смени трендот, останува да се види во втората половина на годината.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Остри реакции по вчерашниот руски напад врз Украина

Следно

„Со или без Вреди, нема трета опција“ – АА на Таравари ќе одлучува утре

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop