Кањон Матка и официјално ќе биде споменик на природата

February 2, 2023
1 min read

Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање го утврди текстот на Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Посочено е дека богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Република Северна Македонија и се карактеризира со исклучително природно наследство, особено со значајни живеалишта и видови од национално и европско значење.

Целта на Предлогот на закон, како што е соопштено е заштита на геолошките, геоморфолошките, хидролошките, флористичките и фаунистичките карактеристики, коишто се од осoбeно значење за заштита на природата. 

Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство.

Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем, велат надлежните. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори

Следно

Мурињо по елиминацијата од Купот на Италија: Честитки за Кремонезе, научив да не плачам по поразот

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop