Кандитатури за локални избори: СДСМ и ЗНАМ ќе се “соочат“ во Центар

June 21, 2025
2 mins read

Ќе ги одмерат ли силите Венко Филипче и Максим Димитриевски на локалните избори и во општина центар откако ЗНАМ денеска посочија дека не ја исклучуваат можноста да номинираат свој кандидат поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ веќе информираа дека и овој мандат ќе го трчаат со  Горан Герасимовски.

Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ пак и во досегашните објави на кандидати се уште не објавила за Центар импутира на тоа дека голема е веројатноста дека доколку ЗНАМ излезат со нивни кандидат истиот ќе биде поддржан и од најголемата партија во власта. Сепак од ЗНАМ посочија дека во општините каде ќе кандидираат градоначалници очекуваат поддршка и од коалицискиот владин партнер и дека токму општина Центар е една од скопските општини која е во игра да трчаат со свој предлог. 

Вчера пак лидерот на СДСМ Венко Филипче излезе со нова листа на имиња за 19 кандидати за градоначалници но таму не се најде името на актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов. Сепак од партијата и денеска велат дека ова се само дел од имињата и дека се уште траат внатрепартиските анализи и анкети и дека Костадинов се уште е во игра.

Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов пак веќе се огласи дека ова е листа со само 19 кандидати и дека чека да завршат внатрепартиските процедури  и дека очекува да се најде неговото име на некоја од следните листи со оглед на тоа дека како што вели на сите анкети бил во водство.

– Очекувам по завршување на внатрепартиските процедури да се обзнани одлуката на раководството дека ќе бидам кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ Согласно анкетите кои ги има во јавноста граѓаните јасно се изјаснуваат за моја поддршка со однос 3:1 што значи убедлива предност па и победа уште во првиот круг. Јас сум член на СДСМ имам достоинство и обврска да ја почитувам динамиката и стратешката поставеност на раководството но и лидерот Венко Филипче. – Костадин Костадинов.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ до сега излезе со над 30 имиња за кандидати за градоначалници меѓу поголемите општини веќе познати се Битола, Штип, Охрид, Аеродром, Кавадарци. Сепак за Скопје се уште нема официјално номинирано име иако се поизвесно е дека трката ќе се води меѓу Златко Перински, Орце Ѓоргиевски и Коце Трајановски кој исто така добро котира на внатрепартиските листи.

Кај албанскиот политички блок истот ака веќе се привршува со вантрепартиските анкети, а Влен веќе излегоа со најголем дел од имињата. Од попознатите веќе е јасно дека Билал Касами повторно ќе трча за Тетово, и Висар Ганиу за Чаир.

Европскиот фронт кој  се очекува да стане Национален фронт откако се погласни се информациите дека деновиве со потпис и на Таравари ќе го прошират опозицискиот блок, веќе се лицитира со одредени имиња, така што како можен кандидат за Чаир се спомнува дури и Бујар Османи, за Сарај  Блерант Рамадани кој доаѓа од крилото на Таравари а пак за во Тетово се спомнуваат имињата на Бајрам Реџепи и Фатон Ахмети од ДУИ, но  и Илир Демири од Алијансата за Албанците – крило на Села.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган се сретна со иранскиот министер Арагчи на разговори за израелско-иранскиот конфликт

Следно

Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop