Канатларовски разрешен, Станиќ нов селектор на У-21

December 27, 2024
1 min read

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи денеска Горан Станиќ за нов селектор на репрезентацијата до 21 година на местото на Драган Канатларовски, кој е разрешен од должноста заедно со селекторите на селекции до 15, 16, 17 и 19 години.

Станиќ, кој е актуелен тренер на прволигашот Работнички, во минатото беше селектор на репрезентациите до 17 и до 19 години, а на ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација.

Станиќ на селекторската клупа седнува на местото на Канатларовски, кој поради слаби резултати е разрешен од должноста, заедно со селекторите на репрезентацијата до 15 години – Исен Иљами, до 16 години – Драган Начевски, до 17 години – Раде Каранфиловски и на селекцијата до 19 години Вујадин Станојковиќ

Управниот одбор на ФФМ единствено го продолжи договорот со селекторот на репрезентацијата до 18 години, Ерхан Селими, кој допрва го почнува селекторскиот мандатот.

Разрешувањата доаѓаат по катастрофалниот резултатски ефект на младинските репрезентации, кои во 2024 година забележаа вкупно 16 победи, 12 нерешени и дури 35 порази.

Како што е соопштено, техничкиот директор на националните селекции Ѓорги Христов на 12 јануари ќе достави до Управниот одбор на ФФМ предлог имиња за нови селектори на младинските репрезентации.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Флај Дубаи“ ги прекина летовите до два руски града по авионската несреќа во Казахстан

Следно

Каде ќе патуваат македонските граѓани за Нова година

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop