Канадска пивара продава пакување од 1.461 лименка за да се „преживее мандатот на Трамп“

March 10, 2025
1 min read

Канадска пиварница им нуди на Канаѓаните „претседателско пакување“ пиво за оние кои сакаат да го преживеат целиот претседателски мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со едно пиво дневно, јави Си-Ен-Ен.

Јужниот сосед на Канада се заканува со царини, анексија, па најстарата канадска пиварница заклучи дека на Канаѓаните можеби ќе им треба пиво дневно за да преживеат во следните четири години.

Пивара Moosehead, основана во 1867 година, објави огромна кутија со 1.461 лименка, што, под претпоставка – ако се пие по едно пиво дневно, е „доволно да го издржи целиот претседателски мандат“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ако почетокот на 2025 година не научи нешто, тоа е дека ќе биде потребна решителност да ја пребродиме четиригодишната политичка несигурност – и има подобар начин да се помине секој ден отколку со вистинско канадско пиво“, рече Карен Григ, маркетинг директор на Moosehead од Њу Бранзвик.

„Претседателскиот пакет“ се продава само на веб-страницата Moosehead.

Достапно е за жителите кои живеат во канадските провинции Онтарио, Њу Бранзвик и Нова Шкотска за околу 3.500 канадски долари, вклучувајќи го и превозот.

Moosehead Brewery е основана истата година како и Канада, и двете „преживеале многу“ во изминатите 158 години.

„Иако не можеме да предвидиме како ќе се одвиваат следните четири години, имаме чувство дека овој голем пакет ќе ни се најде“, додаде Григ.

Околу 20% од пивото од таа пивара се продава во САД.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Африм Гаши најде замена за Илире Даути, замената – Бејџан Иљаз не сака да биде претседател на Комисијата за социјална политика

Следно

Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски го поздрави големиот настап на РК „Еурофарм Пелистер“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вчера ја истакна важноста на спортскиот епитет на градот, по повод големиот ракометен ден. Денот започна со третиот потпис на ракометната платформа, што ја потврдува посветеноста

Стентон Градба го модернизира возниот парк – 10 четириосовински камиони за подобра транспортна логистика

Градежната компанија „Стентон Градба“ ја зајакна својата транспортна логистика со набавка на 10 нови камиони – четириосовинци (8×4), наменети за работа на терен и транспорт на материјали во рамки на тековните и

Декласифицирани документи на ЦИА: Глигоров не прифатил 100 милиони долари за промена на името

Киро Глигоров, широко познат како „Старата лисица на Балканот“, останува една од најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција. Документи што неодамна се декласифицирани од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА

Хаос од Обвинителство, еден куп обвиненија, правдата бавна

Во три различни обвиненија и во три одвоени постапки ќе се докажуваат различните слоеви на одговорност на полициски службеници за пожарот во дискотеката „Пулс“. Јавното обвинителство засега не се изјаснува дали ќе

Повик за финансиска поддршка на проекти за еднакви можности во Битола

Општина Битола, објавува јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/ фондации кои работат во областа на еднаквите можности. Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за
Go toTop