Канада: Во поранешно резиденцијално училиште пронајдени 93 гроба на деца и бебиња

1 min read

ТРЕНТОН (АА) – Радар што продира под земја пронајде 79 гробови за кои се смета дека им припаѓаат на деца и на 14 бебиња во поранешното индијанско резиденцијално училиште „Бовал“ во канадската провинција Саскачеван, соопшти организацијата на автохтони жители „English River First Nation“, пренесува Анадолу.

„Ова не е конечна бројка. Ми се крши срцето што веројатно има уште повеќе“, рече челничката на Прва нација, Џени Волверин, за време на прес-конференцијата во Саскатун, објави „Си-ти-ви њуз“ (CTV News).

Потрагата по гробови започна пред две години, во август 2021 година. Волверин рече дека со потрагата се започнало поради историските приказни пренесувани низ времето.

„Не бевме сигурни што да очекуваме и што ќе најдеме. Но, ги знаевме приказните што се споделуваа со генерации за третирањето на учениците, како и на оние ученици кои никогаш не се вратија дома“, рече таа.

Волверин истакна дека наоѓањето на гробниците го означува почетокот на едно „долго и тешко патување“.

„English River First Nation“ се лоцирани во северниот дел на Саскачеван, а резиденцијалното училиште за домородни деца „Бовал“ е отворено таму во 1860 година. Со интернатот раководеше Римокатоличка мисија сè до 1969 година. Училиштето официјално се затвори во 1983 година кога беше дадено на домородната групација „10 Meadow Lake Bands“, во кои спаѓа и „English River First Nation“. Училиштето беше урнато во 1995 година.

Откривањето на сомнителни гробници не е прва трагедија во училиштето. Во 1927 година во пожар загинале 19 момчиња и еден учител, според Универзитетот „Регина“, во Саскачеван.

Комисијата за откривање на вистината ги објави приказните на преживеаните, меѓу кои и онаа за „момчињата кои биле фатени како фрлаат снежни топки и биле казнети со удари во рацете од сечилото на стап за хокеј“. Мервин Мирасти, еден од преживеаните, пак, пред Комисијата посведочи дека и тој и неговиот брат биле сексуално злоупотребувани.

Во 2013 година, поранешен надзорник во училиштето беше прогласен за виновен за напади врз момчиња во периодот од 1959 до 1967 година, објави телевизиската мрежа, а надзорникот е условно пуштен на слобода во 2016 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Шефот на НАТО и украинскиот министер Кулеба разговараа за воена поддршка на Киев

Следно

ВИДЕО: Алиоски го одигра последниот натпревар за Ал Ахли, навивачите го поздравија со овации

Latest from Blog