КАН ОТВОРА СО ЅВЕЗДЕНОТО ЖИРИ НА БИНОШ И ЗЛАТНАТА ПАЛМА ЗА РОБЕРТ ДЕ НИРО

May 13, 2025
1 min read

78. Кански филмски фестивал се отвора вечерва со големи очекувања дека ова издание ќе биде едно од најдобрите. Денеска беше претставено на жирито за Златната палма на чело со Жилиет Бинош, три филма во чест на Украина и филмот за отворањето, француската романса на дебитантката Амели Бонин „Замини еден ден“. На свеченото отворање на фестивалот, Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за живтоно дело, 49 години откако „Таксист“ ја освои главната награда во Кан.

Кан 2025 се надоврзува на изданието од 2024, кое лансираше голем број кандидати за Оскар, меѓу кои и „Емилија Перез“, „Супстанција“, „Тек“ и оскаровецот за најдобар филм „Анора“.

На свеченото отворање на фестивалот, Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за живтоно дело, 49 години откако „Таксист“ ја освои главната награда во Кан. (Фото: АП)

Кан започнува истиот ден кога Жерар Депардје, еден од најпознатите француски актери, беше прогласен за виновен за сексуален напад на две жени на филмски сет во 2021 година. Во еден од најистакнатите случаи во Франција на движењето #MeToo, Депардје беше осуден на условна затворска казна од 18 месеци. 76-годишната актерска легенда долго време е редовно присутен во Кан.

Годинешниот филмски фестивал во Кан, главниот меѓународен филмски собир, е на штрек и од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за филмовите снимени во странство. Директор на Канскиот фестивал Тјери Фремо рече дека е прерано да се коментираат сè уште неформираните планови.

„Не знам што да кажам, навистина, за тоа“, рече Бинош на прашањето за царините. „Можеме да видиме дека тој се бори и се обидува на многу различни начини да ја спаси Америка и да го спаси својот задник“.

Заедно со Бинош во жирито се и Хали Бери и Џереми Стронг, кој лани не можеше да присуствува во Кан на премиерата на неговиот филм за Трамп „Приправник“. Бери, одговарајќи на новите протоколи на Кан за облека за црвениот тепих, рече дека имала „неверојатен фустан“ со долг заден дел за церемонијата на отворање, но наместо тоа ќе носи нешто друго. Кан ги забрани голотијата и фустаните со долги возови за вечерните премиери во Палатата.

Дваесет и два филма ќе се борат за главната награда на Кан, престижната Златната палма. Шест режисерки – Жулија Дукурно, Хајакама Чие, Хафсија Херзи, Кели Рајхард, Маша Шлински и Карла Симон – и ветерани како Вес Андерсон, Ричард Линклејтер, Јоаким рир браќата Дарден, Џафар Панахи се во трката.

Во селекцијта Извесен поглед во Кан, три истакнати актери имаат режисерско деби: Харис Дикинсон („Уличар“), Кристен Стјуарт („Хронологија на водата“) и Скарлет Јохансон („Елеонора Велика“). Геополитиката најверојатно ќе игра главна улога во Кан, кој започнува со прикажување на три документарни филмови за Украина од 2025: „Зеленски“, „Наша војна“ на Бернар-Анри Леви и „2000 метри до Андриивка“, од оскаровецот Мстислв Чернов аврот на „20 дена во Мариупол“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Потврдена четвртата последователна победа на коалицијата предводена од Рама на албанските избори

Следно

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop