Кампања за заштита на шумите од пожар

June 6, 2025
1 min read

Младите вчера на Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ги едуцираа повозрасните за заштита од пожари на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Децата од општините од скопскиот регион делеа флаери и им објаснуваа на граѓаните за начинот и за важноста за заштитата од пожар на шумите.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека традиционално во пресрет на летниот период ја поддржува кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, која има за цел заштита од пожар на шумите во Скопје и во околните туристичко-излетничките локации во општините во Скопско.

Кампањата, како што истакна претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје Петар Плотников, е со едукативно-превентивна вредност и има за цел придонес за развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и секако на воэрасната популација.

Притоа беше истакнато дека соработката и координацијата со ДЗС преставува значаен придонес во заштитата од пожари на граѓаните, шумите и други материјални добра во скопскиот регион, а секако и пошироко во нашата држава. 

Од „Национални шуми“ најавуваат нова опрема за гаснење на шумски пожари и трансформација на системот за гасење.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луис Хамилтон станa најплатен спортист на Велика Британија

Следно

Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop