Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“

July 29, 2025
1 min read

Музичката програма на годинешното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и Елена Митревска.

Како признание за постигнатите резултати, во 1995 година оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина.

Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар, покрај делата од светската класика, свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори.

Веќе 38 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните  години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Вечерашниот концерт е под управа на диригиентот Иван Еминовиќ, роден во Скопје, со основно и средно образование во ДМБУЦ „Илија  Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија.

Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево.

Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет, меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многубројни концерти. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица загинаа откако автомобил излета од патеката на рели трка во Франција

Следно

Променливо облачно и посвежо, температурите до 35 степени

Latest from Blog

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,

Симулацијата покажа дека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 ќе игра против еден гигант и ќе биде во група со само пет селекции (Фото)

Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја
Go toTop