реклама
Овој е пат кој води до ридот над село Страчинци каде се предвидува да се отвори каменолом.
Со помош на жителите, преку патот кој го отворил инвеститорот, ТВ21 стигна до местото, каде според жителите се отворени дупки за поставување на експлозив за се вади суровина, но тие не се согласуваат со тоа.
ТВ21: Значи е во близина на селото.
Жител: Блиску е, околу 200 метра…
реклама
„Во овој дел нагоре тој сака да дојде и да отвори каменолом“.
Се плашат дека од експлозиите ќе им се руши мирот и нивните куќи ќе претрпат штети.
реклама
„Кога ќе минираат овде, кога ќе постават експлозив, камењата од горе можат да се превртуваат и пола село ќе го земаат пред себе“.
Во врска со ова потпишале и петиција, бидејќи штета им се прави и на дивите животни.
реклама
„Четиристотини и дваесет се. Здружението на ловците и тие се против бидејќи сите диви животни ќе бегаат од овде, зајакот, еребиците, рисот…“.
За да ги слушнат жителите но и инвеститорот кој поседува концесија за каменоломот, вчера во Страчинци беа претставниците на Министерството за животна средина, но јавната дебата беше неуспешна поради противењето на мештаните. И покрај тоа што дебатата беше неуспешна, Беса Татеши од МЖСПП вели дека се уште се отворени за соработка со мештаните, иако, како што додаде, дебатата не е неопходна со закон. Според Татеши, доколку животот на жителите би бил загрозен, министерството немаше да ја потпише дозволата.
„За ризиците кои се идентификувани мора автоматски да се преземат мерки со кои тој ризик или влијание врз животната средина се сведува на минимум. Како што е познато кај сите каменоломи, клучниот проблем со вадењето камен е прашината, создавањето прашина при мелење или дробење камен, законот предвидува мерки, низа мерки како што се прашината или концентрацијата на прашина да се намали на ниво кое нема да претставува ризик за жителите“, вели Татеши.
Жителите се жалат дека ако таму се работи, може да се појават пукнатини во куќите.
„Повторно велам дека целта ми беше да слушнам од самиот инвеститор, кои се мерките кои требаше, што ги има како обврска, има должност да ги преземе за граѓаните да не чувствуваат вакви проблеми.“.
ТВ21 праша и во Министерство за економија за дадената концесија за каменоломот. Од таму велат дека со владина одлука концесијата е дадена во 2015 година, а во 2017 дозволата за експлоатација.
„Министерствово за економија имајќи ги во предвид наводите наведи во барањето на Месната заедница Страчинци, побарала од Државен инспекторати за технички инспекција како надлежен орган за вршење на инспекциски надзор да врши инспекциски надзор и да утврди дали се исполнети некој од законските услови за раскин на договорот за концесија и се чека одговор од нивна страна. Исто така со допис бр.24-4135/2 од 23.11.2023 година, Министерство за економија наведениот допис на Државен инспекторат за техничка инспекција заедно со барање на Месната заедница Страчинци го препрати до Државен инспекторат за животна средина од кои исто така се уште се чека одговор“, велат од министерството за економија.
Од Министерството за економија додаваат дека концесијата можно е да се укине само во случај доколку се исполнат условите предвидени со закон бидејќи кога таа беше дадена се почитувале сите законски процедури.
реклама